Започнува Ју-лотото, единствено Македонија надвор од играта
Скопје, 30. јули (ИНПРЕС)
Сите земји од поранешна Југославија, освен Македонија, веќе три години договораат создавање на заеднички лотариски игри.
Главната причина на повторното здружување се малите пазари, на кои им треба многу време да соберат поголема сума во фондот за главната добивка.
Реализацијата на овој проект не е лесна, ниту брза, од причини што регулаторот во секоја земја мора да даде согласност. Се претпоставува дека првичниот договор ќе „падне“ во септември.
Основниот модел на заедничка игра е конципиран како игра на Лото 5 / 50, односно, погодување на 5 од вкупно 50 броеви, со дополнителен избор на броеви од 1 до 12. Пресметките ќе се базираат врз цената на комбинација со вредност од 1 евро, а почетниот џекпот би изнесувал 2 милиони евра. Според пресметките, џекпот ќе се извлекува на секои 8 кола, а ќе има и голем број на помали добивки. Планот е најниските добивки да се фиксни, 1 евро за два погодени броеви и 5 евра за „тројка“. Иако сe ќе се пресметува во евра, играчите ќе ги плаќаат тикетите и ќе ги подигнуваат добивки во валутата на нивната земја. (Крај) |