петок
25.07.2014
пребарај

„Волшебникот од Оз“ како мјузикл

Скопје, 21. декември 2011 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива

Театарот за деца и младинци вечерва во 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Волшебникот од Оз“ во режија на Боњо Лунгов од Бугарија.

Во овој мјузикл главната улога, ликот на Дороти и е доверен на младата Нина Дејан Дачиќ. Лимениот човек е Ефтим Трајчов, страшилото го игра Мартин Јорданоски а лавот е Петар Стојковиќ. Во останатиот дел на екипата се Драган Доглев како волшебникот од Оз, Тања Кочовска-Павловска, Марија Ѓорѓиоска и Ана Левајковиќ-Бошков. Музиката е на Михаил Шишков, а за дизајнот на претставата се погрижија и Дилјана Прванова (сцена и костими), Петко Лунгов (видео), Александар Хаџистефанов (тонско снимање).

Препевот го направи Никола Маџиров, а асистент на режија е и Константин Каракостов. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина. Се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името.

(Метју Нимиц, посредник на ОН во разговорите за спорот за името)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола

Inpress on Facebook
дневен е-весник
Изложба на уметнички слики на тема „Портрети и ликови“ од починатиот автор Вангел Наумовски ќе биде отворена утревечер во 20:00 часот во куќата на Уранија во Охрид во рамките на Научната и уметничка визита што ја организира МАНУ.
Италијанскиот стручњак Клаудио Раниери е новиот селектор на грчкиот национален тим, соопштија од грчката фудбалска федерација.

За да им приредат на своите гости уште едно уникатно доживување, од хотелот Chessington World of Adventures ангажирале посебен „будилник“.

На „Антички Театар“ во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ утре гостува Максим Мрвица, најпродаваниот кросовер пијанист во светот.

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ од Битола, го одбележа 26 јули, Интернационалниот Ден на Гоше, за прв пат оваа година лансиран од страна на Европската Гоше Алијанса.


 

Copyright 2012 InMedia. All rights reserved.
Објавените информации на интернет страницата на Инпрес може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
e-mail: [email protected]

Импресум | За нас

Powered by Nextsense webBuilder