четврток
09.09.2010
пребарај
вести  >  Балкан
Околу 1.500 000 граѓани на Србија се неписмени, со неколку години основно образование или без ниту еден ден поминат во училишните клупи.
Во северниот дел на Косовска Митровица во близина на студентските домови рано утрово е фрлена експлозивна направа. Во нападот нема повредени.
На отприлика 500 учесници на утрешната геј парада во Белград ќе бидат распределени дури 5.000 белградски полицајци.
Црногорската полиција го уапси 77. годишниот М.Т.од градот Плевљи поради сомнение дека силувал десет годишно девојче од истиот град.
Обвинетиот за геноцид во Сребреница Властимир Голијанин денеска во судот во БиХ се изјасни дека е виновен за делата за кои е обвинет, а Франц Кос, Станко Којиќ и Зоран Гороња се изјасниле дека не се виновни.
Обдукцијата на телото на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој беше убиен во Охрид, покажа дека починал од последиците на ударот со нога во градите.
Откако пред неколку дена беше објавена информацијата дека српските деца зборуваат хрватски јазик поради синхронизацијата на нивните омилени цртани филмови, познатиот пејач и автор Ѓорѓе Балашевиќ долеа масло на огнот со изјавата дека српскиот јазик всушност е „искварена варијанта“ на хрватскиот.
Во северниот дел на Косовска Митровица синоќа е убиен косовскиот Албанец Хакиф Мехмети. Тој бил убиен од непосредба близина со огнено оружје во близина на неговата куќа.
Српската ТВ и радио водителка, 32. годишната Маја Сара Радовановиќ, загина во тешката сообраќајна несреќа која се случи на патот Неготин - Радујевац, кога се превртело такси возилото со кое се возела.
Ружа Павловиќ од Бугојно која минатата недела изјави дека ги спасила кученцата чија судбина ја вознемири јавноста. За да го заштити девојчето кое ги фрлаше во реката, баба Ружа сепак лажела.
Во градот Преваље во Словенија е пронајдена масовна гробница која датира од периодот на Втората светска војна.
По повод Денот на независноста на Република Македонија, во организација на Општина Пустец, денеска ќе се одржи, седмиот по ред Македонски фолклорен фестивал „Преспа 2010“.
Милан Б. од Банатско Караџорѓево по семејна расправија му забил нож во срцето на својот син по што тој починал на лице место.
Членовите на највисокото раководство на владеачката Демократска партија на социјалистите е пред договор, нов премиер на Црна Гора да биде Игор Лукшиќ, на местото на сегашниот Мило Ѓукановиќ.
Судењето на групата на Александар Кристијан Голубовиќ поради нелегална трговија со дрога е одложено денеска во судот во Белград.
Косовскиот премиер Хашим Тачи, кој престојува во Катар, изјави дека официјални лица од земјата му потврдиле дека Катар ја признал независноста на Косово.
Хрватската премиерка Јадранка Косор  рече  дека  нејзината влада не размуслува  за  доаѓање на ММФ бидејќи според неа нема потреба.
Премиерот на Грција Јоргос Папандреу, направи темелна реконструкција на владиниот кабинет со цел да ги засили позициите за економија и социјални прашања, но и да ги смири гласачите кои се лути поради владините мерки за штедење.
Кога денеска би се одржале парламентарни избори во Грција, дури една четвртина од граѓаните не би излегле на избирачките места, што повтрдува дека кризата сосема ги збуни гласачите.
Авионот на „Монтенегро ерлајнс", на летот од Подгорица за Франкфурт, се вратил денеска на аеродромот во Подгорица, непосредно по полетувањето, поради лажната узбуна дека во авионот има вооружени лица кои можат да го загрозат летот.
Пилотот Д.П. и неговата сопатничка А.Ш. загинаа денеска околу 13 часот, кога се урна спортски авион на аеродромот „Лисичји јарак“ во Белград.
Петте мали кучиња кои девојката од Бугојно ладнокрвно ги фрлаше едно по едно во реката, преживеале благодарение на 75. годишната бабичка Ружа Павловиќ.
Францускиот генерал Филип Морион денеска беше истеран од Меморијалниот центар Поточари откако мајките на настраданите Бошњаци изјавија дека го сметаат за одговорен затоа што не го спречил геноцидот.
Предизборната кампања во Босна и Херцеговина официјално започнува денеска, а општите избори се закажани за октомври.
Полицијата во БиХ го откри идентитетот на девојката која ги фрлаше малите кученца во една река во БиХ. Родителите на малолетната девојка дале изјава во полицијата во Бугојно за чинот на нивната ќерка.
Владејачката Демократска либерална партија во Романија предложи смена на министрите за финансии, работа, земјоделство, сообраќај, комуникации и економија во Владата на Емил Бок.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Томислав Карамарко изјави синоќа дека поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер од понеделник повеќе нема да има редовна полициска заштита.
Радован Караџиќ во април оваа година дал интервју за Тв каналот „Русија“, но дури сега е добиена дозвола од Хашкиот суд за негово емитување.
Има три судски барања од Бугарија за потонувањето на бродот “Илинден“, изјавил заменик обвинителот на Софија Божидар Џамбазов, во интервју за БНТ, пренесува новинската агенција “Фокус“.
Грција смета дека решение за Косово е возможно само доколку тоа се донесе со консензус од 27-те држави членки на Европската унија и Србија.
На крајот од септември ќе биде откриен споменик за 15-мина бугарски туристи, кои на 5. септември минатата година се удавија во Охридското Езеро, пишува бугарскиот весник „Новините“.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во октомври заминува од премиереската функција на нова должност во НАТО, пишува подгоричкиот весник Дан.
Бројот на починатите од вирусот Западен Нил во Грција се искачи на 13 лица.
Да не се заборави семејството на Дејан Новаковиќ. Во овие тешки времиња не е лесно да се има три деца, па дури тие да ги имаат и двајцата родители, порача свештеникот по опелото за 34. годишниот српски турист кој минатата седмица беше претепан на смрт во Охрид од група охридски хулигани.
Еден од осумте осомничени за убиство на 34. годишниот Дејан Новаковиќ, српскиот турист чиј живот заврши во Охрид , 29. годишниот Драган Ѓорѓевиќ од Лесковац и натаму е во бегство.
Европската унија ги засилува обидите за борба против организираниот криминал во земјите кои што сакаат да и се придружат.
Скршена од болка, мајката на убиениот српски турист Дејан Новаковиќ, се исповеда за српскиот весник Курир.
Специјалните сили на косовската полиција делуваат на северот на Косово според потребите, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи.
Телото на Дејан Новаковиќ кој во петокот беше на смрт претепан од група охридски насилници ќе биде погребано денеска на новите бежаниски гробишта во Белград. На погребот ќе присуствува и делегација од Општина Охрид.
Потпретседателот на владата на министер за надворешни работи на Албанија Илир Мета отпатува денеска на турнеја низ Централна Америка каде ќе лобира за признавање на независноста на Косово.
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал утврди дека целта на операцијата „Олуја“ било отстранување на Србите од Хрватска.
Стратешкиот форум Блед денеска, на вториот ден од работата ќе расправа за Балканот, Средна Азија, енергетиката и интернетот.
Грчката полиција во камион кој пристигнал на пристаништето Игуменица откри и заплени 120 килограми хероин, во пакети со тежина од 450 до 500 грама.
Во светот, денешниот ден 30. август, се одбележува како Меѓународен ден на исчезнатите лица.
Шест лица се повреден во синоќешната експлозија која се случи на прослава на селска слава во селото Бостане во општината Ново Село на Косово.
Полицијата во Србија и Босна и Херцеговина уапси неколку лица во рамките на акцијата за пронаоѓање и заплена на нелегално оружје и експлозивни материјали.
Силна експлозија оштети утрово два полициски автомобили пред полициската станица во градчето Зубин Поток на северот на Косово во кој има мнозинско српско население.
Пет автомобили на дипломатски мисии и странски претставништва се запалени денеска во Солун, јави грчката агенција АНА-МПА.
Во вишиот суд во Белград, во вторник ќе започне судскиот процес против наследниците на поранешниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ поради нелегално присвојување на куќа.
Планинарот Душан Крњаиќ од Чачак загина додека со група од 30 алпинисти се спуштал низ камената патека на планината Сињаевина, јавуваат црногорските медиуми.
Лице од Косово е сместено на Универзитетската клиника во Грац, Австрија поради сомневање дека е заразено со бактеријата која е отпорна на речиси сите антибиотици.
По најавата од Хрватска дека документацијата во случајот Бранимир Главаш ќе биде испратена во БиХ, каде тој сега се наоѓа, стигнаа повеќе барања за служење на казната во Хрватска.
Префрлувањето на „земунецот“ Сретко Калиниќ од Загреб во Белград со авион на Република Србија ги чинело даночните обврзници околу 3.850 евра и уште толку за пробата на целата операција која била направена минатиот четврток.
Вооружен крадец ранил двајца вработени во туристичка агенција но неуспеал да ги земе парите од грабежот.
Роман Абрамовиќ се заинтересирал да купи земја во Хрватска. Досега  рускиот милјардер често со своите јахти ја посетуваше јадранската обала и островите во Хрватска.
Припадникот на „Земунскиот клан“ Сретко Калиниќ ноќеска е испорачан во Србија.
Еден од најконтроверзните документи кои беа донесени неодамна на Косово е законот со кој се забранува носење муслимански превез, во училиштата. Ова предизвика протести кај популацијата од која 90% се муслимани.
Властите во Косово нема да поднесат резолуција до Генералното собрание на ОН за Косово, на седницата која е закажана за почетокот на идниот месец во Њујорк, објави министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени.
Полицаец стар 39 години е уапсен поради сомнение дека ја ограбил обложувалницата „Фортуна" во Винковци, соопшти денеска хрватската полиција.
- Пишувајте што сакате, баш ми е гајле, беше одговорот на Сретко Калиниќ на прашањето на судијата Рафаел Крешиќ дали се осеќа виновен за фалсификуваните хрватски пасоши. Потоа додал дека не се осеќа виновен, за по консултациите со адвокатот сепак да ја признае вината.
Во селото Жач на Косово синоќа е урнат ѕид од куќата која се гради за семејството на повратникот во селото Драгана Жуљевиќ.
Грчката полиција на дното на еден бунар на западот на Грција го пронајде телото на 11. годишно девојче од Бугарија.
Црногорската кошаркарска репрезентација постигна голем успех со победата над Финска во квалификациите за европското првенство.
Вооружен крадец утрово упаднал во филијалата на Националната банка на Грција во Пиреј, каде држи неколку заложници, соопшти грчката полиција.
Амбасадорката на Мексико во Србија Мерцедес Запата е ограбена во Ниш, јавуваат српските медиуми.
По Моника Киш и Милица Томашевиќ, Србите добија нова „носителка“ на најубавото деколте. Оваа година победи 23-годишната студентка Фиданка Ѓорѓевиќ од Врање.
Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтеровата скала ја погоди утрово Бугарија, соопшти Службата за цивилна заштита.
Осум странски државјани, кои чекале да бидат депортирани од Грција, успеале да побегнат од една полициска станица во јужниот дел на Атина.
Здружението „Национална класа“ и Институтот за трансфузија на крв денеска во Белград организираа дружење на сите љубители на Застава 750, наречена „Фиќијада“.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска западниот брег на Грција.
Слободан Кашиќ (68) „хрватскиот крал на кокаинот" кој веќе 13 години успешно бегаше од хрватските правосудни органи е уапсен во Јужна Африка и ја чека екстрадицијата во Хрватска.
Владата на Косово е подготвена да со брани својот територијален интегритет и со оружје ако е тоа потребно, изјави министерот за внатрешни работи на косово Бајрам Резепи.
Мајката на 13-годишно девојче од Тузла пријавила силување на нејзината ќерка, а според босанските медиуми обвинети се познат политичар од Брчко и угледен бизнисмен од Тузла.
Доцна синоќа се урна авионот на познатиот словенски бизнисмен Еразем Пинтар, кој е полесно повреден.
Стотина врвни музичари од сите земји на поранешна Југославија ќе се обединат на почетокот на идната година и ќе тргнат на голема турнеја по регионот, а потоа и по цела Европа со цел да ја поврзат публиката ид територијата на поранешната држава.
Министарството за внатрешни работи на Србија при синоќешната акција „Кога пијам-не возам“ спроведена во Гуча, утврдиле дека секој втор посетител бил под влијание на алкохол.
Двајца Албанци се приведени во Пула под сомнение дека направиле 21 кражба. Уапсени се 27-годишниот А. Г. и 28-годишниот Т. М. кои се обвинети за кражбите.
Српската полиција кај 35. годишниот црногорски државјанин Елвир Муриќ пронајде повеќе од 179.000 евра и околу 15 килограми златен и сребрен накит.
Државното обвинителство на Хрватска ги демантира пишувањата во хрватските медиуми дека наводно од пролетта води  истрага против поранешниот премиер Иво Санадер, во рамките на аферата Хипо банка.
Хашим Тачи со писмо го извести шефот на Меѓународната цивилна канцеларија дека Владата на Косово нема да дозволи посети на српски политичари на Косово, поради политичките провокации за време на нивните претходни посети.
Српското обвинителство за воени злосторства доби информации дека постојат нови снимки на кои се гледа како доброволците на Аркан убиваат цивили во Хрватска во 1991. година. Постоел и кадар во кој се гледа како Аркан и лично присуствува на убиствата.
На подрачјето на Мерошина во Србија во последните два месеци повеќе од 50 Албанци добиле српски пасоши и тоа од српски полицајци за цена од 10.000 евра.
Хрватски „Национал“ јавува дека и официјално е покрената првата истрага против поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер.
Министерот за правда на Хрватска Дражен Бошњаковиќ го потпишал решението за екстрадиција на Сретко Калиниќ на Србија.
Песна посветена на лидерот на терористичката група Ал Каеда, Бин Ладен, испеана на албански јазик е регистрирана и пуштена за првпат на албански јазик од еден исламски форум.
Враќањето на лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ од Хашкиот трибунал во Србија може да се очекува кон почетокот на идната године, вели белградскиот адвокат Тома Фила.
Просечната нето плата во Словенија во месец јуни изнесувала 965,71 евра, еден процент повеќе отколку во мај, јавуваат словенските медиуми.
Домашниот тероризам и штрајковите имаат уништувачко влијание врз туризмот, клучната индустрија од која се обезбедуваат 20 проценти од државниот доход.
Представниците на Косовската полиција соопштија дека е уапсено момче од северниот дел на Косовска Митровица осомничено за обид за силување.
Во местото Шаринци во БиХ се случи трагедија во која 30-годишна жена го уби својот 33-годишен сопруг со ловечка пушка.
Според истражувањето на сајтот „Триваго", кој обединува 53 туроператори, грчкиот остров Миконос е најскапата туристичка дестинација во Европа. Просечната цена на соба е 243 евра на ден.
Четиригодишно дете падна од седми спрат на зграда во Нов Загреб и вистинско чудо е што преживеа без некои посериозни повреди.
Поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ го молел командантот на воените сили на Република Српска, генералот Ратко Младиќ, да ја повлече тешката артилерија за време на опсадата на Сараево, објави српски „Блиц“.
Момче старо година и пол, преживеа пад од терасата на петтиот кат на зграда во бугарскиот град Козлодуј, во северниот дел земјата. Детето притоа се здобило со сериозни повреди.
Во Романија останува на сила вториот степен на тревога на четиристепената скала, предупреди националната агенција за метеорологија поради високите температури до понеделник.
Непознати лица оставиле на аутомобилот на едно српско семејство кое летувало во Сплит, рачна бомба и порака со заканувачка содржина.
Чешката компанија ЧЕЗ, која лани стана сопственик на албанската Електродистрибуција најави дека во наредниве две години ќе инвестира 70 милиони евра во Албанија.
Северна Чешка е соочена со опасност од епидеми, тврдат експертите.
Молотов коктел бил фрлен рано утринава врз турскиот конзулат во Солун.
Една Британка, на одмор на Крит пријавила во полиција дека всушност била силувана од нејзин сонародник во хотелска соба во Херсонисос, додека таа мисла дека води љубов со дечкото.
Двајца германски туристи биле нападнати со електрошокови пред продавница во Горњи на Чиово, во сопственост на Жељко Керум, преприемач и градоначалник на Сплит.
Плаурент Дервишај и Плаурант Дервишај се најдоа на списокот на најбарани криминалци на ФБИ, за кои се смета дека живеат во САД.
Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски врски на Република Македонија во Република Грција, на сите патници во Република Грција, кои патуваат приватно или сужбено, им укажува на препораките кои се дадени од Министерството за внатрешни работи на Република Грција:
Обвинителство на Босна и Херцеговина објави дека поднело обвиненија против четворица поранешни припадници на Војската на Република Српска, поради нивното учество во геноцидот извршен над Бошњаците во Сребреница во јули 1995 година.
Косовскиот премиер Хашим Тачи ги отфрли наодите на опозиционата Алијанса за иднината на Косово дека „Приштина и Белград тајно преговараат".
Станот на Снежана Борзановиќ во Приштина бил каменуван и на него е причинета голема матеијална штета, но за среќа Снежана останала неповредена.
Како дел од квалификацискиот процес за стекнување црногорско државјанство, заинтересираните лица ќе мора да инвестираат минимум 500 илјади евра во Црна Гора.
Откако тужителството на БиХ покрена обвинение за сексуална злоупотреба над десетогодишно дете, 70-годишниот Расим Хајдаревиќ од Горажде се самоуби со скок во реката Дрина.
Аутопсијата врз телата на тројца постари пациенти, кои неодамна во Солун починале од енцефалитис, покажале дека болеста кај нив била предизвикана од редок вирус.
Десетгодишно дете е повредено во главата, за време на борба помеѓу два бика, откако животните ја пробиле заштитната ограда и навалиле кон момчето.
Топлото време го зема својот данок во пожари и ова лето. Голем пожар беснее на албанска територија во близина на границата со Грција.
Грција треба да ја добие втората транша од меѓународниот пакет за економски спас.
Во моментот кога на првата програма на ХРТ 1 започна емитувањето на специјалната емисија посветена на 15. годишнината од акцијата „Олуја“ најголемиот кабелски оператор во Србија „КДС“, без образложение го прекинал емитувањето на програмата.
Новинарот Мирко Перишиќ од Никшиќ продава бубрег за да може да го отплати кредитот, јавуваат медиумите во Црна Гора. Тој понудил и спогодба дека не бара пари туку само да му биде отплатен кредитот.
По барањето на српскиот вицепремиер Ивица Дачиќ за нов историски договор на Балканот, по што следеа изјави на некои западни аналитичари за прекројување на границите, во Македонија се оценува - границите да не се чепкаат, јави Дојче Веле.
Сретен Јоциќ, познат како Јоца Амстердам, нарачал убиство на бугарскиот премиер Бојко Борисов, тврди софискиот дневник „Стандард“, повикувајќи се на извори од бугарското министерство за внатрешни работи.
Марко Чечариќ од Београда и Радош Цмиљановиќ од Сопот се уапсени поради сомнение дека со компјутерска измама успеале да извршат дополнување на мобилни телефони од операторот „Телеком Србија“, кои подоцна ги продавале.
Полицијата во Албанија на аеродромот во Тирана уапси косовски Албанец осуден за тероризам во САД.
Босна и Херцеговина е најкорумпираната земја во Европа, покажа најновото истражување на „Трансапренси интернешнл“, според кое секој граѓанин на БиХ во просек при посета на доктор плаќа по 126 евра за подмитување.
Српскиот претседател Борис Тадиќ наскоро официјално ќе ја посети Албанија, во рамките на „континуираното подобрување на односите меѓу Тирана и Белград“.
Очекувањата од резултатите  за напредокот на Грција се главната тема во денешните грчки медиуми.
Глумецот Сергеј Трифунович преживеа сообраќајна несреќа која се случи кај местото Мимице на Јадранската магистрала кога чешкиот државјанин Петер Ц. со „Шкода Октавија“ удри во „Цитроенот“ на Трифуновиќ.
Хрватска денеска одбележува 15 години од воената операција „Олуја“ со која беше вратена под хрватска контрола Српска Краина. Оваа акција за Србите претставува најнехуманата воена операција.
Состојбата во Косово е релативно стабилна а Белград и Приштина треба да почнат дијалог, соработка и разбирање со цел да се овозможи стабилноста на Косово, изјави шефот на УНМИК, Ламберто Занијери во редовниот тримесечен извештај.
Албанскиот дистрибутер на електрична енергија,OSSH започна со исклучување на електричната енергија на околу 500 претпријатија во туристичкиот приморски центар Валона поради неплатени долгови.
Невообичаена кражба деновиве ја „раздрма“ Суботица. Непознати крадци и од засега сеуште непознати причини украле генератор тежок 10 тони.
Денеска се случи несреќа во каменоломот „Зобов дол“ во Раковица кај Сараево. 62 годишен работник падна во дробилката за камен и смртно настрада,.
Командата над меѓународните сили на КФОР на Косово во септември ќе ја преземе германскиот генерал Ерхард Билер.
Исламската Лига ги повика сите земји да ја признаат независноста на Косово, изјави косовскиот заменик - амбасадор во Саудиска Арабија Реџеп Боја.
Бугарската полиција затвори четири популарни сајтови за нелегално симнување на содржини преку интернет во најголемата операција против интернет пиратеријата, што досега се има спроведено во земјата.
Другарите на Сретен Јоциќ планирале да го киднапираат малиот Лука, син на минитерот за полиција на Србија Ивица Дачиќ и за него наместо откуп да ја побараат слободата на Јоциќ.
Поради големиот пожар на грчкиот остров Самос, во источниот Егеј , властите ги евакуирале туристите од областа.
Приштинскиот дневник „Коха диторе“ оценува дека новите признавања на Косово можат да го зголемат Меѓународниот легитимитет на Косово, но напоменува дека тоа не е гаранција за членство на земјата во ОН.
Белгија како актуелна земја која претседава со ЕУ и испрати на Албанија предупредување за што побрзо да ја реши кризата во земјата за да го забрза патот кон комплетна интеграција во ЕУ.
Грчките сигурносни служби  предупредуваат  дека  бранот штрајкови, насилни настани и убиства во државата може да доведе  до состојба на терор во кој живееа Италијаните во 70-те години  од минатиот век.
Двајца млади луѓе се повредени, од кои едниот потешко, во тепачката која настанала помеѓу Албанци и српски туристи на грчкиот полуостров Халкидики.
Хрватската нафтена компанија ИНА од судот во Белград побара враќање на 167 бензински пумпи, или на 117 милиони евра, како и на 90 милиони за изгубениот профит поради нивното присвојување и продажба на руски „Лукоил“, јави Хрватската радио-телевизија (ХРТ).
На островот на Свети Иван кај Созопол во Бугарија, поранешна Аполонија, бугарските археолози пронашле дел од моштите на Свети Јован Крстител.
Грција излегува од кризата со гориво. Вчера беше донесена одлука да заврши седумдневниот штрајк на возачите на цистерни и камиони.
Хрватска не се откажува од можноста за изградба на нуклеарна централа и веќе се одбрани 20 можни локации во источна Славонија и на Дунав, но и на јадранскиот брег кај Шибеник и Задар.
Српскиот министер на полиција Ивица Дачиќ доби закани од српската мафија дека ќе му бидат киднапирани децата, по што е кренато обезбедувањето на неговото семејство на највисок степен.
Српските туристи кои со автомобил патуваат за Грција, во која има недостиг на гориво поради штрајкот на превозниците, да го наполнат резервоарот во Македонија, советуваше конзулот во Амбасадата на Србија во Атина Јовица Чекиќ.
Српските туристи вотекот на летото од матичната држава изнесуваат 600 милиони евра кои ги трошат на морските дестинации, најмногу во Грција, Турција, Црна Гора и Хрватска.
Група грчки возачи на камиони, кои штрајкуваат неколку дена се судрија утрово со полицијата пред зградата на министерството за транспорт во Атина.
Поранешниот мнозински сопственик на тимот Формула 1, Еди Џордан и уште десеттина светски милјардери бо требало наскоро да добие црногорско државјанство.
Црногорскиот парламент со гласовите на владејачката партија го усвои Законот за општо образование со кој во училиштата се воведува црногорскиот јазик.
Британски суд го одби барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот босански претседател Ејуп Ганиќ, поради наводни воени злосторства сторени во босанската војна на почетокот од 90-тите.
Американскиот амбасадор на Косово Кристофер Дел изјави дека од премиерот на Косово Хашим Тачи слушнал дека постои подготвеност за давање на некој вид на автономија на северот на Косово населен претежно со Срби.
Министерот за надворешни работи на Република Албанија и заменик премиер Илир Мета утре ќе допатува во официјална посета на Република Македонија.
Властите во Романија ги есхумираа телата на поранешниот лидер на земјата, Николае Чаушеску и на неговата сопруга Елена. Тие зедоа примероци од двете тела за да го испитаат нивниот идентитет.
Како ги пречекуваат гостите во Шипанската Лука во Хрватска. На брегот Багер на кој се сопнуваат патниците кои слегуваат од бродовите.
Двајца странски државјани, најверојатно од Македонија, загинаа во несреќа во Грделичка Клусура, а тројца од Полска и еден од Хрватска се тешко поврдени, јави Блиц.
Премиерот на Грција Јоргос Папандреу денеска ќе престојува во официјална посета на Република Бугарија, каде ќе разговара за соработката помеѓу двете земји на полето на економијата, јавува РИА Новости.
Израелски транспортен хеликоптер го изгубил радио контактот со контролниот центар во Романија, по што веднаш започнала спасувачка операција, беше соопштено од романското Министерството за одбрана.
Новинарот и колумнист на неделникот “Време“ Теофил Панчиќ бил претепан со метална шипка во градски автобус во Земун.
Контраверзниот српски бизнисмен Богољуб Кариќ доби политички азил во Русија и поради тоа нема да може да биде екстрадиран во Србија врз основа на потерницата која за него ја распиша Интерпол.
Повеќе работни места и адекватно плаќање на прекувремената работа бараат грчките контролори на летање кои денеска стапија во 24 часовен штрајк.
Петте земји членки на ЕУ, кои се уште на ја признале независноста на Косово, Грција, Романија, Словачка, Шпанија и Кипар, треба да се на иста линија со мнозинството, значи, треба да го признаат Косово, побара Алберт Рохан, поранешен заменик на специјалниот пратеник на ООН за Косово, Марти Ахтисари.
Србија да го признае Косово и да покаже поголема подготвеност за соработка во регионот, побараа косовскиот претседател Фатмир Сејдиу кој е во посета на Албанија, и неговиот албански колега Бамир Топи.
Какви последици врз односите во регионот ќе остави одлуката на Меѓународниот суд на правдата дека отцепувањето на Косово не е спротивно на меѓународниот закон?
„Бугарија најверојатно ќе и каже збогум на единствената подморница „Слава“, чиј рок на траење веѓе истече“, рече бугарскиот министер за одбрана, Ању Ангелов.
Србија доби сериозен дипломатски удар со одлуката на Меѓународниот суд на правдата, дека Косово не го нарушило меѓународното право со прогласувањето на независност во 2008. Овој чекор  може да влијае на идната стабилност на Босна, проценува британската новинска агенција Ројтерс.
Портпаролот на косовската полиција Арбер Бека за белградската агенција “Бета“, потврдил дека утрово во Приштина е уапсен гувернерот на Централната банка на Косово Хашим Реџепи.
Во присуство на почесниот гостин, американскиот актер Морган Фриман, денеска во Сараево започнува 16 - тиот по ред Меѓународен филмски фестивал кој ќе трае до крајот на месецов.
Словенечката полиција, во соработка со ФБИ започна истрага против тројца Словенци осомничени дека создале компјутерски вирус за кој се верува дека досега уништил околу 13 милиони компјутери низ целиот свет.
Патријархот на Српската православна црква Иринеј ги повика граѓаните, денеска во 17 часот, да дојдат во храмот Свети Сава во Белград на молитва за мир и позитивно решавање на конечниот статус на Косово и Метохија, колевката на српскиот народ.
Србија ќе продолжи со својата принципиелна  политика и мирна политичка борба за зачувување на територијалниот интегритет.
Со прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година не е прекршено меѓународното право. Вака се произнесе  Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Меѓународниот суд за правда на ОН, денеска треба да го  објави долгоочекуваното мислење за легалноста на едностраното донесување на независност на Косово од Србија во 2008-ма.
Вчера на Twitter се прошири слика на преправен билборд на Хрватската туристичка асоцијација поставен низ српските улици.
Борјана Георгиева, организаторка на екскурзијата во Охрид кога при потонување на бродот „Илинден“ загинаа 15 бугарски државјани е прогласена за виновна.
Бојана Георгиева, организаторката на екскурзијата  на бугарските туристи кои се удавија при потонување на бродот Илинден  ќе биде изведена пред судот во Димитровград.
Албанија е задоволна од стартот на овогодишната туристичка сезона, на која печат и даваат токму македонските државјани.
Црногорското електронска издание „Пцнен“, јави денеска дека во оваа земја била пронајдена и отворена масовна гробница во која биле закопани косовски Албанци.
По налог на Хашкиот трибунал, на Косово е уапесен поранешниот командант на ОВК, Рамуш Харадинај. Медиумите јавија дека Харадинај е веќе префрлен во Хаг.
Грчката полиција се сомнева дека зад убиството на грчкиот новинар Сократис Јолиас (37), стои екстремната левичарска група, која себеси се нарекува Секта на револуционери.
Зоран Цветковиќ пред две години, во Изола ја отворил First free bank, филијала на, како што тогаш тврдел, панамска банка.
Две деца на возраст околу 7-8 година се водат за исчезнати на централната бургаска плажа, јави агенцијата "Фокус".
Тринаесет лица се потешко и полесно повредени во сообраќајна несреќа помеѓу патнички автобус и камион на АМ "Тракија" во областа на "Трајанова врата" на магистралата "Тракија" во Бугарија.
Софија од утре до петок е домаќин на Светскиот конгрес на русокосите, на кој ќе присуствуваат околу 5.000 блондинки од целиот свет, соопшти претседателката на Меѓународната асоцијација, Олга Ускова.
Курдистанската работничка партија (ПКК), ангажирала тројца снајперисти од Србија за да реализираат атентати врз највисоките турски политичари, пишува истанбулскиот весник „Заман“.
Бугарското Министерството за надворешни работи подготви список со 30 дипломатско - конзуларни претставништва што има намера да ги затвори во рамки на реформата на работата на дипломатската служба.
Како што пренесува српското радио Б - 92, Француски конзорциум ќе го гради метрото во Белград.
Во главниот град на Грција, Атина, рано утринава е убиен 35. годишниот новинар Сократис Гиолиас. Грчката полиција го потврди убиството, а досега никој не ја презел одговорноста.
Полицијата на Бугарија, во акција во туристички центар Сончев Брег, го уапси „најдобриот“ ограбувач на бугарските банки, Стојне Ставрев - Кемпес.
Радивој Лајиќ од Приедор не излегува од дома без кацига. Првиот метеорит му паднал во дворот пред две години, последниот долетал пред месец дена.
Поранешниот бугарски цар Симеон Саксобуршки најави дека ќе ја тужи Бугарија пред судот во Стразбур, поради мораториумот воведен од Народното собрание, за користење на неговиот имот кој е предмет на реституција.
Тринаесетгодишно момче од населбата Хусино крај Тузла вчера попладнето испукало 14 куршуми врз Себахудин Мехичиќ, кој минатата година го убил неговиот татко.
Хрватскиот амбасадор во Приштина Златко Крамариќ, сериозно го налутил својот шеф, министерот за надворешни работи Гордан Јандроковиќ, откако во најновиот број на славонски „Тједник“ објави текст за Косово, каде изнел низа оценки несвојствени за дипломатите, пишува „Слободна Далмација“.
Грчката полиција откри 80 килограми кокаин на брод на пристаништето во Сивота, во северозападниот дел на земјата.
Дамир Фазлиќ, советник на албанскиот премиер Сали Бериша, чие име се поврзува со низа корупциски скандали во Албанија и Босна и Херцеговина, бил во авионот на српскиот авиопревозник "Принц авиејшн“, кој вчера имаше незгода на аеродромот во Брач.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар синоќа во Вашингтон разговараа за Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина.
Во периодот од 11 до 15 часот ќе бидат откажани сите прелети од и кон Грција, поради штрајкот на контролорите на летање.
Голем број Грци секојдневно купуваат цигари, бензин и други стоки и производи во Бугарија и Македонија, објави грчкиот весник „Ангелиофорос“.
Претставниците на македонската заедница во Србија побараа од министерот за човечки и малцински права Светозар Чиплиќ да не го разбива македонското малцинство во Србија со незаконски дејства.
Возачот на српскиот претседател Борис Тадиќ, на службениот влез на Воено - медицинската акаденија во Белград удрил во стаклоен киоск и ја урнал целата страна од локалот.
Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија Венсан Дежер изјавил  дека поделбата на Косово не е  на дневен ред на Европската Унија, но дека постојат многу идеи  како да се реши ова прашање.
Доколку Србија го издржи целиот притисок и продолжи со мирната и напорна работа, исходот ќе биде позитивен за државата.
Во шума на 15-тина километри од Велика Горица во саботата било пронајдено телото на глумецот Божидар Орешковиќ, кој според првичните информации извршил самоубиство со бесење.
Грците се незадоволни од двете најголеми политички партии во државата, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Малолетниот С.Ѓ. од Сомбор запалил киоск за да стане лидер на навивачка група.
Бугарските цариници на граничниот премин "Калотина" заплениле 70 илјади евра.
Извори од врвот на хрватската полиција за „Прес“ изјавиле дека Сретко Калиниќ бара заштита и привилегиран статус, во замена за информации за локацијата каде се закопани парите на земунксиот клан, но и снимки кои откриваат кои политичари се вмешани во убиството на Зоран Ѓинѓиќ.
Претседателот на Србија Борис Тадиќ смета дека изјавата на Бајрам Реџепи, министерот за полиција во привремената влада на Косово, дека ќе испрати специјални полициски единици на северот на Косово е отворена закана со војна.
Поранешниот британски премиер Тони Блер беше пречекан како херој и ослободител од илјадници Албанци при пристигнувањето во Приштина поради неговата помош при НАТО интервенцијата против српските сили во 1999.

Избор

Најнови вести

Цитат

Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме - злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи.

(Бернд Поселт - европратеник)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола
Inpress on Facebook

дневен е-весник
Убави вести
Помалку од десет часа беа потребни за првиот историски подвиг во Македонија, Охридското Езеро да се обиколи со кајак. Струшкиот кајакар Ристо Чуркоски, вчера на Денот на независноста на Република Македонија, помина патека долга 90 километри, од Струга, преку Охрид и Свети Наум до Поградец и Лин во Албанија.

www.kd-group.com.mk

Приходите на актерот Don Johnson од популарната серија Nash Bridges во последниве денови се зголемија на 51.2 милиони американски долари.
На годинешното последно издание на Love Parade, која се одржа на 24. јули во германскиот град Дизбург, се роди заедничкиот сингл на тројца великани, Paul Oakenfold, Armin van Buuren и Paul van Dyk.
Кај поголемиот дел доенчиња кои биле доени со мајчино млеко повеќе од шест месеци е забележан помал ризик подоцна во животот да имаат ментални здравствени проблеми, докажаа австралиските научници.



 

Copyright 2009 InMedia. All rights reserved.
e-mail: contact@inpress.com.mk

Powered by Nextsense webBuilder