четврток
24.07.2014
пребарај

Вечерва „Вртелешка“ во Гостивар

Гостивар, 12. мај (ИНПРЕС)

Театарската претстава „Вртелешка” по текст на Артур Шницлер, а во режија на Владимир Милчин ќе биде изведена вечерва во 20 часот во Центарот за култура „АСНОМ” во Гостивар.

Претставата е прв проект на алтернативниот и независен Општествено политички неподобен театар (ОПН-театар). „Вртелешка” е дипломска претстава на членови на ОПН, а сега веќе дипломирани студенти во класата на Владимир Милчин.

Претставата е работена по текст на еден од најголемите австриски драмски писатели Шницлер кој е познат и како хроничар на виенската декаденција. Претставата е омаж на интимноста – од онаа на проститутките и војниците по клупите низ темните паркови крај Дунав до онаа на познатите актерки и грофови кои се среќаваат по најпрестижните хотелски соби. Вивисекцијата на моралот која ги надминува просторните и временските определби го прави овој текст постојано актуелен. Шницлер пиесата ја напишал во 1890 година, а кога конечно по Првата светска војна била поставена во театар, забранета е веднаш по примиерата.

„Вртелешка” беше изведувана во Детскиот театарски центар во Старата скопска чаршија, а ова е прв пат да се игра надвор од Скопје. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина. Се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името.

(Метју Нимиц, посредник на ОН во разговорите за спорот за името)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола

Inpress on Facebook
дневен е-весник
Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во 21:00 часот во црквата „Света Софија“ ќе настапи камерното дуо „Кадеша“ од Република Албанија.
Ветеранот Реј Ален и следната сезона ќе му биде соиграч на Леброн Џејмс, откако потпиша едногодишен договор со Кливленд Кавалирс.

Кошаркарот Леброн Џејмс им однесол колачи на сите соседи како извинување за однесувањето на неговите најгласни фанови.

Пејачката и авторка Наташа Мијатовиќ - Мијата на сите кои ја почитуваат нејзината музика, ова лето им го нуди својот нов сингл „Ко деца мали“.

Лимоните се докажан природен лек против многу проблеми и состојби во организмот.


 

Copyright 2012 InMedia. All rights reserved.
Објавените информации на интернет страницата на Инпрес може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
e-mail: [email protected]

Импресум | За нас

Powered by Nextsense webBuilder