сабота
04.09.2010
пребарај

Министерката Гордана Јанкуловска ја „преживеа“ интерпелацијата

Скопје, 31. јули 2010 (ИНПРЕС)

Во атмосфера на жестоки лични навреди, Собранието на Република Македонија со 14 гласа За и 69 против ја отфрли интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поднесена од пратениците од опозициските партии.

Комплетната атмосфера, често на работ на инцидент, вчера уште еднаш го покажаа вистинското лице на народните избраници. Жестоки меѓусебни обвинувања, навреди, довикувања од место и неприфатливо однесување на пратениците.  

Зборови акко „фашисти“, „диктатори“, „лажговци“, „убијци“, „насилници“, „луди“, „трудни“ ... беа само дел од арсеналот кој го „испукаа“ едни врз други.

Според пратениците од владеачката ВМРО-ДПМНЕ интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска беше непотребна, неоснована и побара опозицијата да ја повлече, додека нивните колеги од опозицијата сметаат дека нејзината работа придонесува за тоа Македонија да стане полициска држава и оти е директно одговорна за упад во парламентарната демократија.

Итерпелацијата заинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, ја несео СДСМ и НСДП поради собранискиот инцидент од 1 јули. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме - злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи.

(Бернд Поселт - европратеник)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола
Inpress on Facebook

дневен е-весник
Убави вести
Со кајак по Охридското Езеро, стружанецот Ристо Чуркоски на 8. Септември Денот на независноста на Република Македонија ќе помине 90 километри.

www.kd-group.com.mk

Либанецот Хасан Абед Рабо тврди дека е сопственик на најмалиот комплетно рачно напишан Куран. Минијатурата на муслиманската света книга е со димензии 2,4 на 1,9 сантиметри.
Канадскиот celt - punk бенд The Real McKenzies, со својот концерт на 24. септември во скопскиот клуб “Хавана“ го најавуваат новото издание на фестивалот “Таксират 2010“. Бендот кој важи за најдобар промотор на својот жанр, за прв пат ќе настапува во Скопје.
По безбројните истражувања на врската меѓу храната и ракот на дојката, се уште не може да се каже дека постои некој дефинитивен резултат.



 

Copyright 2009 InMedia. All rights reserved.
e-mail: contact@inpress.com.mk

Powered by Nextsense webBuilder