|
|
|
|
|
|
|
Британскиот премиер Дејвид Камерон ги откажа сите свои обврски и итно отпатува во Франција да го посети својот тешко болен татко.  |
Големиот пожар кај градот Боулдер, во американската сојузна држава Колорадо проголта десетици куќи и присили околу 3.500 луѓе да ги напуштат домовите, соопштија локалните власти.  |
Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека два помали, неодамна откриени астероиди денеска на безбедна оддалеченост ќе поминат покрај Земјата.  |
Во јули и август во провинциите Северен и Јужен Киву, на истокот на Конго, се силувани повеќе од 500 жени, меѓу кои и девојчиња, а 10 жртви биле силувани од страна на припадниците на владините сили, изјави синоќа заменикот - шеф на мировната мисија на ОН во Конго Атул Харе.  |
Британскиот филмски режисер Клајв Донер, најпознат по комедијата „Што има ново маченце?", почина синоќа во Лондон во 85. година од животот, јави BBC.  |
Поранешниот американски војник Роберт Ентони Кинонс денеска ќе се појави пред судот во градот Савана во САД поради сериозните обвиненија покренати против него дека се подготвувал да ги убие сегашниот претседател на САД Барак Обама и поранешниот Бил Клинтон.  |
Двајца работници исчезнаа по несреќата на една нафтена платформа во близина на источниот брег на Кина. Платформата е наведната за 45 степени над морето.  |
Вечерва за Евреите од целиот свет започнува Новата 5771. година, која се брои „од создавањето на светот".  |
Американскиот милијардер, финансиер и филантроп Џорџ Сорос додели 100 милиони долари на Хјуман рајтс воч.  |
После министерот за внатрешни работи, и шпанскиот премиер Сапатеро го отфрли примирјето кое го прогласи сепаратистичката организација ЕТА.  |
33-та заробени рудари синоќа го следеа натпреварот на чилеанската фудбалска репрезентација против Украина.  |
Вооружени напаѓачи во фабрика за обувки во градот Сан Педро Сула, на северот на Хондурас убиле 18 лица, соопштија локалните власти. |
Уште еден земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтер го погоди ноќеска новозеландскиот град Крајстчурч, при што беа направени нови штети на згради, повторно се евакуираше населението и беше продолжена вонредната состојба.  |
Авионот на компанијата „Таи ервејс" денеска во Лос Анџелес беше комплетно прегледан од агенците на американската федерална полиција откако било дојавено дека во авионот има бомба.  |
Командантот на американските и силите на НАТО во Авганистан вели дека планот на американска црква да запали примероци на Коранот на 11-ти септември може да ги доведе во опасност американските сили и да наштети на себкупниот воен напор во земјата.  |
Буџетските скратувања, порастот на цените и климатските промени ги забавуваат напорите за елиминирање на сиромаштијата меѓу децата, предупредува УНИЦЕФ во извештај објавен вторникот. Агенцијата наведува и дека е расте диспаритетот меѓу децата.  |
Раководителот на иранската нуклеарна програма Али Акбар Салехи вели дека неговата земја има право да ги избере инспекторите кои вршат контрола на иранските нуклеарни објекти.  |
Иран вели дека странските земји не треба да покренуваат прашање за почитување на човековите права во случајот на Иранка осудена на смрт со каменување поради наводна неверност.  |
Едно лице загина, а десет се повредени во експлозијата која се случи во рафинерија во Мексико, соопшти мексиканската компанија „Петролеос Мексиканос".  |
По средбата на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг со македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 25. јуни годинава, денеска писмо од комесарот Хамарберг до премиерот Никола Груевски.  |
Во Лондон штрајкуваат вработените во метрото, а во Франција во тек е генерален штрајк поради пензиската реформа.  |
Американецот Џефри Јорк од градот Медисон Тауншип во државата Охајо во САД е осомничен дека повеќе од една година сексуално злоупотребувал една од ќерките, а втората ја држел затворена во мала соба.  |
Норвешка и Русија постигнаа договор околу морската демаркациона линија меѓу двете земји во Арктикот.  |
Партиите од германската владејачка коалиција се договорија по 10-часовна расправа дека за 8 до 14 години ќе го продолжат рокот за затварање на германските нуклеарни електрани.  |
Индонезискиот вулкан Синабунг кој минатата седмица проработи после 400 години митување, исфрли пепел 5 илјади метри во атмосферата.  |
Во САД, корпорациите и групи на активисти редовно вршат влијание врз Конгресот и извршната власт во донесувањето на одлуки од јавен интерес.  |
Тлото на Нов Зеланд се уште се тресе. Во текот на ноќта, земјотресите го погодија градот Крајстчерч.  |
Стотици целосно голи или пак делумно облечени велосипедисти неделата минаа низ улиците на Филаделфија во обид да го свртат вниманието на јавноста на животната средина.  |
На 89-тата конвенција на најстарата организација на македонската дијаспора во САД и во Канада, главен акцент беше ставен на размената на искуства и идеи за иднината.  |
Шпанската влада го отфрли примирјето што го прогласи ЕТА како „недоволно“.  |
Поучен од инцидентите и протестите кои се случија во Даблин кога ја промовираше својата книга мемоари „Патување“, поранешниот британски премиер Тони Блер се откажа од планираното потпишување на примероци во Лондон.  |
Претставник на НАТО вели дека 2.000 војници на Алијансата можеби ќе заминат за Авганистан, на барање на американскиот генерал Дејвид Петреус, командантот на меѓународната операција во земјата.  |
Авганистанскиот познат новинар Сајед Хамид Нури, од Кабул, убиен е со неколку убоди од нож, а потоа обезглавен, јави полицијата.  |
Тропското невреме Хермине се поместува низ Мексиканскиот залив кон северниот брег на Мексико, откако во „ударот“ на јужниот дел на државата загинаа осум лица.  |
Франција се соочува со сериозни предизвици. Најавени се штрајкови во железничкиот и воздушниот сообраќај во обид да се дигнат на нозе милиони протестанти против владините планови за зголемување на границата за заминување во пензија.  |
Раритетната филмска снимка во боја на со бомби разорениот Лондон за време на Втората светска војна е објавена на ден пред 70. годишнината од почетокот на воздушните напади на Германија врз Британија.  |
Пијан возач на камион влета меѓу луѓе кои чекале превоз на една автобуска станица во Еквадор при што уби 15. лица и повреди најмалку седум.  |
Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди регионот на островите Тонга на југот на Пацификот, соопшти американската геолошка опсерваторија. За сега нема предупредување на цунами.  |
Најлошото невреме забележано во последниве 15. години во Австралија предизвика вистински хаос во северниот дел на земјата. Најголемите поплави се забележани во државата Викторија.  |
На последниот петок во месецот рамазан околу 600.000 муслимани ја посетија Големата џамија во Мека на обредот наречен умра, кој подразбира посета на Каба и верски обреди.  |
Група демонстранти кои денеска се собраа на антивоениот протест во Дублин го гаѓаа поранешниот премиер на Британија Тони Блер со јајца и кондури.  |
Џејмс Хагерти од Њујорк има многу лошо пијанство. Толку лошо што успеал пијан да ја загуби сликата „Портрет на девојка" на Жан Батист Ками Коро вредна 1,39 милиони долари на Менхетн.  |
На градилиштето на Исламскиот центар во градот Мурфресброу во американската држава Тенеси е подметнат пожар. Официјалните лица од градската управа понудиле награда од 20.000 долари за информација која ќе помогне да се уапси лицето кое според очевидците полило едно комбе со бензин и го запалило.  |
Петнаестогодишниот Аран Фернандез, кој никогаш не одел на училиште, се запиша на Кембриџ и стана најмладиот студент на овој престижен универзитет во последните 200 години.  |
Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро вчера го одржа првиот говор во јавноста откако во 2006. година заради болест беше повлечен од јавниот живот, повторно предупредувајќи на опсаност од нуклеарна војна во светот.  |
Денеска во Берлин во организација на Обединети Македонци за Европа и другите иселенички организации од Швајцарија, Холандија, Чешка, Полска, Данска, Белгија и Луксембург ќе се одржи мирен протест на Македонците под мотото „Името Македонија е нашиот идентитет“.  |
Додека на површината нивните сопруги и љубовници се караат за тоа на кого ќе му припадне наградата ветена од државата, 33-та рудари заробени во рудникот за бакар и злато во Чиле побараа од спасувачите да им испратат цигари и вино.  |
Два члена на мексиканскиот Конгрес се меѓу шестмината загинати во авионската несреќа која се случи на брегот на Пацификот.  |
Еден од најсилните земјотреси во историјата на Нов Зеланд со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи вчера во градот Кристчурч, вториот по големина град во земјата.  |
Поранешниот премиер на Британија Тони Блер го опиша радикалниот ислам како најголемата закана со која се соочува модерниот свет.  |
Девет туристи загинаа при падот на авионот кој превезувал падобранци во близина на едно познато туристичко место во Нов Зеланд.  |
Товарен авион се урна на главниот автопат во Дубаи - Емиратес. Запалени се неколку автомобили и неколку се оштетени. Нема информации за жртви.  |
Хондурас денеска ја призна независноста на Косово, со што и официјално стана 70-та земја која го направи тоа по едностраното признавање на независноста.  |
Тензијата постојано расте во Кампот на надежта, каде веќе избиле неколку тепачки меѓу сопругите и љубовниците на заробените 33 рудари во рудникот за бакар и злато во Чиле.  |
Ураганот Ерл стигна до источниот брег на САД. Силни ветрови и дожд ги зафатија сојузните држави Северна Каролина и југоисточна Вирџинија.  |
Гордите родители Дејвид Камерон и неговата сопруга Саманта денеска и ја покажаа на британската јавност својата ќерка.  |
Повеќе од 10.000 возила се заробени во 120 километри долгата колона на автопатот кој ги поврзува Пекинг и Тибет. Според кинеските медиуми сообраќајницата повеќе личи на огромен паркинг, отколку на автопат. |
Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Нов Зеланд, во регионот на околу 6 километри од Кристчурч, еден од поголемите градови во земјата со 380 илјади жители.  |
Страшна семејна трагедија го потресе градот Тренделбург во Германија. 52 годишниот Есад Г. се обидел да ги удави четиригодишната ќерка и едногодишнот син по што го ставил во автомобил кој го разнесол со рачна бомба.  |
Британскиот Бритиш Петролеум соопшти дека трошоците за борбата против нафтената дамка во Мексиканскиот залив се искачиле до осум милијарди долари и дека комплетниот процес на затворање ќе заврши за две недели.  |
Во новите шумски пожари кои избија на југот на Русија настрадаа пет лица, изјави првиот човек на истражниот одбор на обвинителството за подрачјето на Волгоград Михаил Музарев.  |
Србинот Саша Н. (41) е уапсен во Виена под сомение дека во петокот ја убил проститутката Луција Р. (22) од Словачка. Тој бил приведен по информацијата која полицијата ја добила од познаници и пријатели на жртвата.  |
За времето кое е потребно да се наполни чаша вода и да се почне таа вода да се пие - околу 30 секунди - болести кои се пренесуваат со вода ќе убијат уште 14 лица.  |
67-мото издание на венецискиот филмски фестивал беше отворено со специјален гостин - иранскиот режисер Џафар Панахи.  |
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи рече дека при воздушен напад на НАТО бил погоден конвој со лица ангажирани во изборите во северот на земјата, при што загинале 10 цивили.  |
Педофилот Рејмонд Хевлет кој е на смртна постела наводно рекол дека малата Британка Медлин МекКен е киднапирана по налог.  |
По Германија, Швајцарија и Њујорк, дебатата околу градењето џамија се разгоре и во Австрија, пренесе германското радио Дојче Веле.  |
Тони Блер објави во своите мемоари дека одиграл клучна улога во бомбардирањето на Србија и признава дека бил во малцинството кога се залагал за воено решавање на косовската криза.  |
Фидел Кастро призна дека е одговорен за протерувањето на хомосексуалците од Куба по револуцијата во 1959. година.  |
Обвинителството во Грац отвори истрага поради компјутерската игра „против минарето" поставена на порталот на австриската екстремно десничарска партија ФП.  |
Американскиот претседател Барак Обама е домаќин на лидерите од Блискиот Исток во Белата куќа во напор да издејствува израелско - палестински мировен договор во рок од една година.  |
Најмалку две бомби експлодираа синоќа во пакистанскиот град Лахоре при што загинаа 18. луѓе, а повеќе од сто се повредени.  |
Претседателот на Русија Дмитриј Медведев од денеска е во посета на Азербејџан.  |
Ураганот „Ерл“ се засилува над Атлантикот и повторно е ураган од четврт степен, а силата на ветрот достигна 135 километри на час, пренесе агенцијата Фокус. |
Илјадници неаодамна евакуирани жители на индонезискиот остров Суматра се враќаат во своите домови и покрај предупредувањата дека вилканот Синабунг може да еруптира секој момент.  |
Со пригодна церемонија во една од старите претседателски палати на Садам Хусеин во предградие на Багдад, американската армија и формално стави крај на борбените операции во Ирак и ја предаде командата врз преостанатите 50.000 американски војници на нов генерал со четири ѕвездички.  |
Шведска повторно ја отвори истрагата во случајот на силување кое наводно го сторил основачот на во последно време мегапопуларниот портал Викиликс.  |
Самоубиец во Њујорк преживеа пад од 40 катови во една зграда во Њујорк, откако падна на паркиран автомобил.  |
Денеска Индија го слави роденденот на Кришна, симболот на љубовта и божјата екстаза, пишува индиски „Тајмс“.  |
Авионот на Љуантас безбедно се врати на аеродромот во Сиднеј откако у откажа едниот од моторите. Еден од патниците случајно успеал да го сними моментот кога капетанот им ја соопштил веста на патниците.  |
Ураган Ерл во текот на ноќта ослабна на категорија 3 на „Сафир - Симпсон“ скалата и продолжува да се движи кон брегот на САД, јави американскиот Национален центар за урагани со седиште во Мајами.  |
Зафир Бек од Данска се породи утрово пред веб камера преку која во живо било емитувано целото породување на интернет мрежата. Роди здраво женско бебе кое го доби името Фриг.  |
Денеска се објавени мемоарите на некогашниот премиер на Англија Тони Блер. Не ми е зал за британското учество и плачев за жртвите, вели во книгата Блер.  |
Шпанската национална полиција вчера објави дека шестмесечната акција резултирала со апсење на 14 лица поврзани со машка проституција.  |
Рударите кои се заробени во рудникот за злато и бакар во Чиле нема да добијат плата за времето поминато во рудникот затоа што компанијата која го експлоатира нема пари за плати. |
Жителите на Порто Рико и Британските Девствени Острови искусија поројни дождови и силни ветришта додека моќниот ураган Ерл го погоди северниот дел на островите.  |
Либиските власти синоќа ослободија 37 затвореници кои беа осудени за членство во радикални исламистички групи.  |
Инженерите во Чиле започнаа со процесот на дупчење на отвор низ кој би се ослободиле 33-цата рудари кои веќе три недели се заглавени во рудникот за злато и бакар.  |
Претседателот Барак Обама го одбележа завршувањето на американските борбени активности во Ирак, седум години по инвазијата на оваа земја под водство на САД.  |
Со училишно ѕвоно, во 9 часот и 15 минути по московско или 7:15 по средноевропски време, на рушевините од Училиштето број 1, во северноосетискиот град Беслан, започна тродневниот помен за жртвите од терористичкиот напад, во кој загинаа 335 луѓе, од кои 186 беа деца. |
Невработеноста во евро-зоната остана на 10% петти месец едноподруго, велат службените бројки.  |
Канадската пејачка Селин Дион (42), која носи близнаци и е во шестиот месец на бременоста е итно префрлена во болница поради настанати компликации.  |
Непознати лица фрлиле синоќа два „молотови коктели“ на руската амбасада во Минск.  |
Двајца мажи се уапсени на аеродромот во Амстердам, откако пристигнале од Чикаго, под сомнение дека планирале да изведат атентат.  |
Шест луѓе се убиени, а најмалку 20 се ранети утрово во предградие на Братислава кога засега неименувано машко лице започнало да пука од прозорец по граѓаните кои поминувале.  |
Коментарите на рабинот се осудени како длабоко навредливи. Американската влада ги осуди коментарите на влијателен израелски рабин, дадени неколку денои пред почетокот на блиско - источните мировни преговори во Вашингтон.  |
Рударите кои се заглавени длабоко под земја во Чиле повеќе од три седмици, за прв пат имаа директен телефонски контакт со нивните роднини.  |
38 загинати и 12 повредени лица е билансот од сообраќајната несреќа која се случи во Еквадор. Автобус полн со патници падна во амбис во регионот на езерото Јамбо, во провинцијата Котопакси. |
Вистинска трагедија се случи во градот Лејк Хавас во државата Аризона кога 26. годишниот Брајан Диез прво пукал во својата мајка, потоа убил уште четири луѓе за на крај да си го одземе животот.  |
Американската вселенска агенција НАСА оваа недела во Чиле ќе испрати тим експерти да им помогнат на спасувачките екипи во акцијата за вадење на рударите кои се заробени во разрушениот рудник.  |
Утрово повторно еруптираше вулканот на Суматра. По втор пат во само два дена исфрли во атмосферата облаци пепел и чад на височина од преку два километри.  |
Неколку десетици скинхедси ги нападнале со палки посетителите на еден рок концерт во градот Миас во централна Русија, при што загина 14. годишно девојче.  |
Девет лица загинаа, а едно е повредено во пожарот кој се случи до пензионерски дом во рускиот град Вишниј Волочок во регионот Твер, северозападно од Москва.  |
Жителите на два соседни града во Јапонија со недели се вознемирени од мајмун кој досега касна десетици луѓе и кого досега ниту една потера не успеа да го фати.  |
Во Англија за прв пат се објавени фотографии на новородената ќерка на британскиот премиер Дејвид Камерон и неговата сопруга Саманта.  |
Адвокатите на личниот доктор на Мајкл Џексон Конрад Мјуреј ќе побараат ексхумација на телото на Мајкл Џексон за да докажат дека Мјуреј не е виновен за смртта на Џексон.  |
Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Кина, соопшти Геолошкиот институт на САД.  |
Вулканот Синабунг на северот на индонезискиот остров Суматра проработи денеска по прв пат после четири века. Илјадници жители во областа се евакуирани.  |
Иранскиот министер за информирање Хесдар Мослехи ја обвини шведската компанија за дирекна продажба на козметички производи Oriflame дека сака да ја наруши безбедноста на Иран, по апсењето на пет нивни вработени поради наводна шпионажа.  |
На денешен ден пред 52. години во 1958 година, како осмо од единаесетте деца во семесјството Џексон во Гари Индијана е роден кралот на поп музиката Мајкл Џексон.  |
Неколку стотини илјади луѓе ги напуштија своите домови поради зголемувањето на водостојот на реката Инд на југот на Пакистан каде водата ги разруши браните и поплави многу градови и села по што расели околу милион луѓе во само два дена.  |
Најмалку тројца рудари загинаа, а десетина се повредени во експлозија на метан која вчера се случи во рудникот за јаглен Миндели во градот Ткибули во западна Грузија.  |
Јапонија, една од ретките супер развиени и софистицирани земји во светот која сеуште спроведува смртни казни, за прв пат ги отвори вратите на собите во кои се изведуваат егзекуциите.  |
Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро е уверен дека Осама бин Ладен е шпион на ЦИА, вест која ја пронашол на Викиликс.  |
Најмалку две деца загинаа синоќа во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Иран.  |
Полицијата во еден мал град во Франција покренала истрага за смртта на близу 5.000 кокошки кои, како што се претпоставува, умреле од страв откако релативно ниско прелетале два авиони.  |
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, во кој според првичните информации нема жртви го погоди ноќеска околу полноќ градот Дамгхам на северот на Иран, објави агенцијата Ирна.  |
Едно тригодишно дете настрада, а бебе од само четири месеци е тешко повредено во пожарот кој синоќа се случил во една ромска населба но Рим.  |
ОН во последниот нацрт извештај ја обвинува војската во Руанда и бунтовниците од Конго дека од одмазда убиле илјадници руандски Хуту граѓани во 90-тите во ДР Конго, што може да се смета како геноцид.  |
Осум луѓе загинаа, а шест се водат како исчезнати во лизгањето на земјиште кои се случи по обилните врнежи на дожд на североистокот на Турција.  |
Google потврди дека за самое ден ден се направени повеќе од еден милион телефонски разговори меѓу корисници во САД и Канада на новата услуга на телефонски разговори преку Gmail.  |
Поранешниот претседател на САД Џими Картер, успеа да го ослободи Ајџалон Мали Гомес, американскиот државјанин кој од јануари оваа година беше во затвор поради илегален влез во Северна Кореја  |
Заробените чилеански рудари ги снимија своите видео поздрави до семејствата.Семејството на еден од нив поднесе тжба против управата на рудникот.  |
Њујорк тајмс тврди дека помошник на авганистанскиот претседател, кој е под истрага за корупција, бил на платен список на ЦИА.  |
Нов удар за надежта дека економската ситуација во САД се подобрува - според најновите податоци, продажбата на домови е на најниско ново во последниве 15 години.  |
21-годишниот Американец Мајкл Енрајт е обвинет за обид за убиство од омраза поради тоа што неколкупати со нож избодел такси возач откако дознал дека тој е муслиман, соопшто полицијата во Њујорк.  |
Надја Бенаиса, германска поп ѕвезда која е обвинета дека го заразила поранешниот партнер со вирусот на ХИВ, е осудена на две години затвор условно.  |
Властите во Пакистан ги повикаа жителите на три градови на југот на земјата итно да се евакуираат, откако реката Инд ги проби браните и се изли на подрачјата кои претходно не беа поплавени.  |
Направената штета од неодамнешните пожари кои опустошија голем дел од шумите, особено во околината на Москва, изнесува преку 300 милијарди американски долари, проценуваат руските еколози.  |
Две лица се повредени откако дошле во допир со корозивна течност во писмата испратени до неколку банкари во Женева.  |
Стотици вработени и физичари од Европскиот центар за нуклеарни истражувања ЦЕРН се собраа пред управната зграда во протест против намалувањето на буџетот за истражувањата.  |
Американско - египетски тим на археолози откри голема, четири илјади години стара фараонска населба во близина на оазата Карга, објави египетското министерство за култура.  |
Осум авганистански полицајци се убиени денеска во судирот со екстремистите на еден контролен пункт во околината на Кундуз, град на северот на Авганистан.  |
Веб - порталот Викиликс објави таен документ на ЦИА, во кој се наведува дека Ал Каеда има намера да регрутира Американци и предупредува дека САД наскоро може да „извезува“ терористи.  |
Социјалните мрежи за дружење Фејсбук и Твитер нудат можност за комуницирање меѓу голема група луѓе, но преголемата изложеност на приватни информации, во некои случаи, може да им ги намали шансите да добијат или да ја задржат работата.  |
Иако во Кина има поголем број милијардери, просечниот приход по глава на жител за популацијата од 1,3 милијарди, и натаму е меѓу најниските во земјите во развој.  |
Белград го има најмасовниот фестивал во Европа. Посетата на овогодинешниот фестивал, одржан од 18-ти до 22-ри август на белградското Устије, ги надмина сите очекувања, но и прогнозите на Белградската културна мрежа, продуцентот на фестивалот.  |
Поранешниот американски претседател Џими Картер пристигна во Северна Кореја на мисија во обид да го ослободи американскиот државјанин кој се наоѓа во притвор од јануари.  |
Американските власти уапсиле членови на меѓународна група за организиран криминал, позната по насилни активности, вклучувајќи и еден претставник на албанската влада.  |
Британскиот шпион, кој беше пронајден мртов во стан во Лондон, бил избоден со нож неколку пати по што неговото тело било ставено во патна торба во која стоело повеќе од две недели.  |
Европската комисија изрази сериозна загриженост поради протерувањето на Ромите од Франција.  |
Силна експлозија ја прекина испораката на гориво од Иран за Турција.  |
Пилотот на патничкиот авион што се урна вчера во Кина ја преживеа несреќата.  |
Една медицинска сестра од родилиштето во Букурешт, во кое минатата недела изби пожар, е уапсена.  |
Најмалку 11 загинати и 38 ранети е епилогот од денешниот самоубиствен напад во Багдад.  |
Американската армија соопшти дека со наближувањето на 31-ви август, крајниот рок за повлекување од Ирак, во моментов во земјата се стационирани нешто помалку од 50.000 војници.  |
Иако бананите се третото најпопуларно овошје во светот, 21. годишната Френ Дандо има фобија од банани и според докторите пати од „бананофобија“.  |
Се нарекува маркетинг на однесувањето. Веб-страниците, агенциите за рекламирање на Интернет, и оние кои прибираат информациите од глобалната мрежа, сите користат технологија за да дознаат кои страници ги посетувате, што ви се допаѓа, и, најважно, што ве интересира да купите.  |
Според американскиот магазин „Надворешна политика“, поранешниот американски претседател Џими Картер деновиве ќе замине во Северна Кореја за да обезбеди ослободување на американски државјанин кој се наоѓа во затвор во оваа земја уште од јануари.  |
Воздухопловниот мајор Мицах Вест е еден од тројцата Американци кои обучуваат авганистански пилоти во јужната провинција Кандахар.  |
Американскиот претседател Барак Обама ќе одржи говор на 31. август во Ирак, објави Белата куќа, во моментот кога бројот на американски војници во земјата падна на симболични 50.000.  |
Сомалски војници упаднаа во хотелот „Муна“ во Могадишу и убија 15. лица меѓу кои и државни службеници, јавува CNN.  |
Сообраќајниот колапс во Пекинг и околу него би можел да трае со недели. Камионите и автомобилите се движат само по еден километар на ден.  |
Најновите податоци сугерираат дека просечниот Британец поминува скоро половина од будниот живот користејќи ги медиумите и комуникациите.  |
И трето новороденче почина од примената инфузија, заразена со бактерии на Универзитетската клиника во германскиот град Мајнц.  |
Египетската влада се соочува со обвинувања упатени до адресата на египетски министер за култура за непреземањето мерки за пронаоѓањето на крадецот.  |
Најмалку пет лица загинаа, а 72 се повредени во два големи верижни судари во Португалија.  |
Рударите кои останаа затрупани во рудникот Сан Хозе на северот на Чиле се добро и веќе добија храна и вода.  |
Авион во кој биле 14. лица, меѓу кои и шест странци се урна веднаш по полетувањето во Непал.  |
Најубавата Мексиканка Јимена Наварета е новата Miss universe за 2010. година, традиционалниот избор на убавина кој се одржа во Лас Вегас.  |
Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска брегот на Мексико. ЗАсега нема извештаи за евентуални жртви или направена штета.  |
Излевањето на нафта во Мексиканскиот залив разбесна многумина, но со осудите од јавните личности најдалеку отиде Бред Пит, кој изјави дека челниците на Бритиш Петролеум заслужуваат смртна казна.  |
Претседателот на САД Барак Обама годинава по тешка политичка битка успеа во намерата Конгресот да донесе закон за реформа на здравствениот систем што меѓу другото ќе обезбеди здравствено покритие за десетици милиони неосиурани Американци.  |
Лондон долго време важи како прва станица за најбогатите луѓе во светот. Но, неодамнешното економско забавување се одрази и врз странските инвеститори.  |
Палестинскиот водач Махмуд Абас предупреди дека Палестинците ќе се повлечат од мировните разговори со Израел доколку земјата не стави крај на изградбата на еврејски населби во окупираните територии на Западниот Брег.  |
Командантот на американските и силите на НАТО во Авганистан Дејвид Петреус, вели дека Алијансата придонела за намалување на способноста на Талебан во неколку авганистански провинции и во главниот град Кабул.  |
Спасувачките тимови од Чиле успеаја денеска да ископаат мал тунел низ кој ќе им достават храна на 33. рудари кои веќе 17. дена се затрпани под земја.  |
Морето во малиот залив на јапонскиот град Таиџи за десетина дена комплетно ќе ја смени бојата и ќе стане црвено, затоа што почнува традиционалниот лов на делфини.  |
Во експлозија која се случи во џамија во Пакистан во регионот Јужен Вазиристан на границата со Авганистан загинаа најмалку 15. луѓе.  |
Група поморски археолози во Понтинскиот архипелаг откри остатоци од вистинско подводно богатство, односно четири потонати бродови од периодот меѓу петтиот и седмиот век пред новата ера.  |
Пожарот на Крит, кој беснее веќе два дена, утрово ја однесе и првата човечка жртва. Станува збор за сеуште неименувано 55. годишно лице кое се задушило од чадот во селото Родакин.  |
Поранешниот полицаев кој денеска во Манила киднапира автобус со 25. луѓе, ги уби преостанатите 15. заложници по што си го одзеде животот.  |
Младиот британски кувар Џејми Оливер е добитник на овогодинешната Еми награда за креативна уметност за серијата емисии за готвењето, кои беа емитувани во САД.  |
Црногорската кошаркарска репрезентација постигна голем успех со победата над Финска во квалификациите за европското првенство.  |
Германскиот опозиционен лидер Франк-Валтер Штајнмајер изјави дека денеска ќе и донира бубрег на сопругата, поради што неколку недели ќе се повлече од политиката.  |
Шведското обвинителство го бранеше повлекувањето на налогот за апсење на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, по обвиненија за силување.  |
Околу 1.500 луѓе, меѓу кои и голем број странски туристи се евакуирани поради пожарите на северниот дел на шпанскиот остров Ибица. Тројца луѓе примија лекарска помош, јавуваат локалните медиуми.  |
Двете најголеми партии во Австралија по објавата на конечните резучтати би можеле да имаат ист број застапници, оценуваат аналитичарите.  |
Познатиот музичар, и покрај отфрлањето на неговата кандидатура за претседател на Хаити, не се откажува и вели дека ќе се жали затоа што ги исполнувал сите со закон предвидени услови.  |
Во градот Сиалкот на северот на Пакистан пред очите на полицијата, десетина луѓе со палки на смрт претепале двајца браќа.  |
Повеќе од 80 млади луѓе се уапсени на рејв концерт во Лос Анџелес поради сомнение дека користеле дрога.  |
Поранешен филипински полицаец, вооружен со автоматска пушка, денеска во Манила киднапираше автобус со 24. патници, претежно туристи од Хонг Конг.  |
Триесет и тројцата чилеански рудари заробени повеќе од две недели во разрушениот рудник на северот на земјата порачаа дека се добро со порака која заврзана за една од машините ја испратиле до спасувачите.  |
Неколку свештеници на католичката црква во Франција се приклучија кон се помасовните протести против одлуката на францускиот претседател Никола Саркози да ги избрка Ромите од Франција.  |
Полицијата го уапси рускиот опозиционен лидер Борис Немцов и уште еден активист на опозицијата кога се обиделе да организираат марш во чест на Денот на знамето во центарот на Москва.  |
Во руските цркви и денеска се служеше молебен за престанок на жештините и сушата.  |
Осум ирански рибари се спасени благодарение на интервенцијата на американската војска во Арапското море.  |
Полнењето со гориво на иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „целосно неприфатливо“ за Израел од каде ја повикаа меѓународната заедница да изврши поголем притисок за да го натера Техеран да ги прекине активностите на збогатување ураниум.  |
Десетмесечно бебе од Кина има само шест месеци, а веќе тежи цели 20. килограми, тежина која е вообичаена за деца од шест години.  |
Еден војник во воена база во Венецуела уби двајца и рани шест луѓе, соопштија властите во Венецуела.  |
Во руската енклава Калинининград демонстрантите, кои според организаторите биле повеќе од 3.000, побарале оставка од рускиот премиер Владимир Путин и директни избори за регионални гувернери.  |
Првиот човек на ОН Бан Ки-мун ги поддржа најавените директни преговори меѓу Израелаците и Палестинците кои во септември треба да започнат во САД.  |
Руските сили за безбедност убија пет луѓе на југот на Русија, меѓу кои и човекот кој беше осомничен дека ги организирал бомбашките напади во московското метро во месец март.  |
Основачот на интернет страницата Викиликс Џулијан Асанџи во Шведска е обвинет за силување.  |
Бронзената скулптура „Жена фиока" на шпанскиот уметник Салвадор Дали, вредна повеќе од 100.000 евра, е украдена од една иложба во белгискиот град Бриж.  |
Околу 150.000 луѓе во пакистанската област Синд се раселени последниве 24. часа откако реката Инд поплави уште десетина градови и села во оваа област на југот на земјата.  |
35. годишно лице од Осијек и 36-годишник од Билја се приведени откако направиле тешка кражба на особено опасен и дрзок начин.  |
Единаесет китови од јатото од шеесетина кои се насукаа на плажа во Нов Зеланд се успешно вратени во морето.  |
Јајцата кои ги произведе компанијата Wright County Egg во сојузната држава Ајова во САД, по регистрирани 200 случаи на труење се повлечени од пазарот.  |
Утрово започнаа предвремените локални избори во Австралија на кои се очекува тесна борба меѓу владеачките лабуристи на премиерката Јулија Гилард и опозиционите конзервативци на Тони Абот.  |
Повеќе од 70 китови се насукаа на плажата Каитаиа во Нов Зеланд. Од нив повеќе од 60 веќе се мртви.  |
Само во првите седум месеци на оваа година во природни катастрофи загинаа близу половина милион луѓе.  |
Хашкиот трибунал ги демантираше наодите на одредени медиуми дека е покрената истрага против поранешната главна тужителка Карла Дел Понте и двајца други обвинители.  |
Штетата од овогодинешните пожари кои ја зафатија Русија се проценува на повеќе од 400 милиони долари, изјави дениска рускиот министер за вонредни ситуации Сергеј Шојгу.  |
Срцето на 55. годишниот Реинер Х. било преслабо за да го издржи шокот кој го доживеал кога открил дека ноќта не ја поминал со 24. годишна проститутка туку транссексуалец.  |
Храбар Холанѓанец скокнал во кафез со мечка да ја спаси својата ќерка која случајно паднала внатре.  |
По анонимна дојава дека во авионот се наоѓа киднапер, биле евакуирани сите патници од авионот на American Airlines кој се подготвувал за полетување на аеродромот во Сан Франциско.  |
Белата куќа денеска соопшти дека претседателот на САД Брак Обама е христијанин и дека се моли секојдневно.  |
Месечината се намалува, откриваат снимките кои НАСА ги направи со помош на моќните камери и телескопи. Тоа се толкува со ладењето на внатрешноста на единствениот сателит на Земјата.  |
Полицијата во Хонг Конг успеа да ја пронајде 170 години старата виолина вредна околу 300.000 американски долари која била украдена од еден музичар додека се возел со траект.  |
Џиновски стаорци ги „тероризираат“ жителите на градот Бредфорд во Англија. На еден имот убиен е стаорец долг 76 сантиметри, а сопственикот вели дека видел многу стаорци со слична големина. |
И последната борбена бригада на американската армија го напушти Ирак.  |
Во настапот во вашингтонскиот Американски институт за мир на тема „Следното поглавје за Ирак“, Хил ги пренесе впечатоците како е да се живее во строго обезбедената Зелена зона во Багдад.  |
Според истражувањето, испитаниците кои веруваат дека Барак Обама е муслиман во огромен дел не го поддржуваат начинот на кој ја извршува функцијата.  |
Поранешниот премиер на Британија Гордон Браун очигледно има намера да се збогати со одржување на говори по целиот свет. Секој говор тој ќе го наплаќа по 100.000 долари.  |
Бројот на заразени од вирусот „западен нил“ во Грција расте. Досега се регистрирани 64 случаи на заразени.  |
Денеска се одбележува Светскиот ден на хуманоста. Во 2009 година, според податоците на Обединетите нации, во светот се убиени 102 хуманитарни работници.  |
Северна Кореја денеска објави, единаесет дена по исчезнувањето на јужнокорејскиот брод, дека го запленила и ги заробила сите седум членови на екипажот.  |
Владата на Велика Британија, борејќи се со економските проблеми, ги замоли граѓаните да дадат идеи за нивното надминување, пишува британскиот весник Гардијан.  |
Купувањето преку интернет е се популарно во Кина, каде државните медиуми известуваат дека е зголемено за 60 проценти во првите шест месеци од годинава.  |
Како последица на изгореницитее од од пожарот во родилиштето во Букурешт, почина уште едно бебе повредено во пожарот кој се случи пред два дена.  |
Бескуќник во САД две недели незабележан живеел во зградата на една локална библиотека во американската држава Њу Џерси, соопшти локалната полиција.  |
Секоја година 66.000 сезонски работници по легален пат влегуваат во САД, со виза што им овозможува да најдат макотрпна, ниско платена работа за која, според работодавците, Американците не се заинтересирани.  |
Уште еден од низата инциденти на борбите со бикови во Шпанија.  |
Четири лица загинаа во пад на хеликоптер кај островот Санага во Јапонија.  |
Во несреќа која се случи во рудник за злато во пустината на северот на Судан загинаа десет рудари.  |
Дури 80 работници од компанијата „Данби“ во Северна Ирска пеијавиле дека времето кое го поминуваат во тоалет им било одбиено од платата.  |
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не жали што застана на страната на муслиманите кои сакаат да изградат џамија во близина на местото каде на нападите од 11. септември.  |
Претседателите на Русија, Пакистан, Авганистан и Таџикистан усвоија заедничка декларација во која го осудија тероризмот и регионалната трговија на дрогата како закани за мирот и безбедноста.  |
Официјални ирачки лица на свечена церемонија во Багдад во поздравија новиот американски мабасадор во Ирак, Џејмс Џефри.  |
Аеромитингот во аргентинскиот град Санта Фе за малку ќе завршеше трагично за еден акробатски пилот.  |
Научниците од универзитетот во Единбург тврдат дека по две години истражувања, развиле нов вид биогориво за автомобили на база на шкотско виски.  |
Припадник на неаполската мафија Камора е уапсен во Италија, кога неможејќи да и одолее на кујната на мамичка, дошол дома да вечера.  |
По падот на режимот на Садам Хусеин, Шведска прифати повеќе Ирачани од било која друга европска земја но сега ги враќа дома. Речиси 200 Ирачани принудно биле депортирани оваа година.  |
Напорите да се намали бројката на пушачи во Кина не вродија со плод, затоа што и понатаму преку 301 милиони луѓе во оваа земја се активни пушачи што е една четвртина од целокупното население.  |
Жртвите на незапамтените поплави кои го зафатија Пакистан ги нападнаа камионите кои превезуваат помош во храна за жителите на загрозените подрачја на северозападот на земјата.  |
Во сообраќајна несреќа која се случила во близина на градот Саблан на 225 километри јужно од Манила, загинаа 35 лица кога автобус паднал во провалија длабока 50 метри.  |
Израелската авијација изминатата ноќ изврши четири воздушни напади врз цели во појасот Газа.  |
Американската Национална организација за природа тврди дека ектремните жештини ќе бидат вообичаена работа се до 2050. година, а дека од таа преспектива оваа година ќе се смета како поладна.  |
Американски воени авиони итно полетаа откако едно непознато летало се приближило премногу до Air Force One, авионот на американските претседатели.  |
Иако вниманието на американската јавност во поглед на борбата против тероризмот е свртена кон Авганистан, ЦИА во тајност започнува нова „војна“ против Јемен.  |
Планот за изградба на исламски центар што вклучува и џамија во близина на „граунд зиро“ во Њујорк, местото на терористичките напади од 2001-ва, ги разгоре политичките страсти во САД и се најде на насловните страници.  |
Во екот на најголемото нафтено излевање во американската историја, владата најави разгледување на зајакнатите мерки за заштита на животна средина за сите нови подводни дупчења.  |
ОН соопштија дека само дел од погодените од поплавите во Пакистан добиле било каква помош. Официјални лица од Светската организација ги повикаа државите да ги претворат заложбите и ветувањата во конкретни донации.  |
Претставниците на британската телевизија Скај најавија дека од 1. октомври во Англија ќе стартува со првиот 3Д Тв канал.  |
Најмалку 23 гости на еден кафе бар во рускиот град Пјатигорск се ранети во експлозијата на автомобил бомба паркиран во близина.  |
Кога руски шпионски прстен беше откриен во предградијата на неколку американски градови минатиот мај, многумина коментатори брзо ги опишаа шпионите како аматери.  |
Поранешниот претседател на Италија Франческо Косига почина во 82. година од животот во римската болница Гемели, каде бил префрлен пред една недела поради проблеми со срцето и дишните патишта.  |
Поранешниот британски премиер Тони Блер ќе ја подари заработувачката од неговите мемоари кои наскоро излегуваат од печат - на хуманитарна организација за помош на ранетите британски војници.  |
Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс најави дека следната година ќе се повлече од функцијата. Гејтс, единствен член на кабинетот од претходниот претседател Џорџ Буш кого го задржа и новата администрација.  |
Се надзира крајот на отпорната супербактерија, која во болниците ширум светот предизвикува тешко излечливи инфекции, гангрена, сепса па и смрт.  |
Најмалку 41. лице загина во самоубиствениот напад на еден воен регрутен центрар во Багдад.  |
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето близу Липарските острови, позната италијанска дестинација на сицилијанското крајбрежје.  |
Силните врнежи од дожд на северозападот на Кина предизвикаа смрт на уште 36 луѓе, додека 23 се водат како исчезнати.  |
Масовна полициска потера во Калифорнија по двајца луѓе осомничени за грабеж. Во потерата учествувале 30-тина полициски автомобили.По возилото на ограбувачите тргнала цела мала „армија“ полиција на автопатот во близина на Сеира Мадре. |
Лиам Дербшире има 11 години и пати од многу ретка болест поради која секогаш кога ќе заспие престанува да дише.  |
Млад Австралиец им подлегна денеска на повредите набрзо откако додека сурфал го нападнала ајкула.  |
Капењето во морето било забрането кај Ница на Азурниот брег, на југозападот на Франција, откако во морето била забелажана ајкула, што е реткост во овој дел на Средоземјето.  |
Човекот секогаш сакал да има возило кое ќе може да го користи и на суво и во вода и под вода. Полека оваа голема желба станува реалност.  |
Шест лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожарот кој се случи во семејната куќа во Вилетка во државата Оклахома.  |
Три новородени бебиња загинаа од експлозијата која се случи на една клиника за породување во Романија. До несреќата дошло откако претходно се запалила инсталацијата по што се случил и пожар.  |
Аеродромот Лодз во Полска е комплетно евакуиран откако била откриена бомба од Втората светска војна, јавува локалната полиција.  |
Во експлозија во фабрика за пиротехнички производи на североистокот на Кина загинаа 13 лица, а 148 се ранети.  |
Анонимно машко лице денеска околу пладне се јавило на телефонот во македонската мисија при ОБСЕ во Виена и се заканило дека во возило пред зградата има поставено експлозивна направа.  |
Едно лице загина, а 34 се ранети во авионската несреќа која се случи при полетување на еден авион на островот Сан Андрес.  |
Северозападните делови на Русија ноќеска беа зафатени од големо невреме кое предизвика значителна материјална штета, а според метеоролозите невремето се движи кон Москва чија околина е погодена од големи шумски пожари и незапаметена суша.  |
Меѓународната коалиција во Авганистан би можела да започне со пренос на овластувањата на авганистанските воени сили веќе напролет, изјави министерот за одбрана на САД Роберт Гејтс.  |
Кога ќе видите муслиманка која седи на плажа и го гледа својот сопруг и децата како си играат во брановите, не претпоставувајте дека нејзината религија ја спречува да влезе и да ужива во водата.  |
Папуа-Нова Гвинеја денеска ја потресе силен земјотрес.  |
Вчера почина и третиот заболен од западнонилската треска во Грција.  |
Најмалку десет луѓе загинаа во пресметката меѓу две ривалски банди и полицијата во градот Кингстон на Јамајка.  |
Лајн Бекам, постарата сестра на англискиот фудбалер Дејвид Бекам, која е и мајка на три малолетни деца, побарала социјална помош од 184 фунти месечно колку што нејзиниот брат заработува за помалку од две секунди.  |
Силното невреме со дожд кое ја погоди централна Европа предизвика поплави во делови од Словачка и соседна Чешка, јавуваат локалните медиуми.  |
Во Авганистан е надминат билансот од 2 илјади загинати странски војници од почетокот на војната во земјата во 2001 година.  |
Првиот човек на американската војска во Авганистан генералот Дејвид Патреус изјави дека фаќањето или убивањето на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен и понатаму е главен приоритет на американските воени сили.  |
Генералниот секретар на Обединетите нации си замина од Пакистан откако беше сведок на големи разурнувања предизвикани од двонеделните поплави.  |
Во април 2012 се навршуваат сто години од потонувањето на славниот брод „Титаник“ кој неславно го заврши своето прво прекуокеанско патување. Прославата предвидува и повторување на рутата со членовите на семејствата на патниците на легендарниот пароброд.  |
Северниот дел на Чешка повторно во опасност од поплави, откако синоќа земјата повторно беше зафатена од обилни дождови.  |
Претседателот на САД Барак Обама на ист став со градоначалникот на Њујорк кој претходно го поддржа предлогот за изградба на џамија и муслимански културен центар во Њујорк.  |
На Пакистан, кој повеќе од две недели страда поради поплавите, сега му се заканува нова опасност - заразни болести.  |
Изгледаат бледо, велат Англичаните за ѕвездите на сина основа. Европската Унија ја казни британската влада со вкупно преку 150 милиони фунти поради тоа што британските институции не го истакнувале европското знаме, а работеле на проекти делумно финансирани со пари од Брисел.  |
Лице во Белгија со потекло од Пакистан почина од последиците на заразата со бактеријата НДМ-1, отпорна на скоро сите антибиотици, што е и прва забележана смрт од оваа инфекција.  |
Од околу еден милион работници на фармите ширум САД, меѓу една четвртина до една половина се со илегален престој.  |
Хуманитарните работници велат дека појавата на болести претставува нов ризик за жртвите од најкатастрофалните поплави во Пакистан со децении наназад.  |
Експертите велат дека наскоро во светот ќе завладее хистерија поради можното зголемување на цената на храната.  |
Ники Ли, козметичарка од Есекс, им се пофали на британските медиуми дека имала спиено со 5.000 мажи за девет години, или за 3.285 дена.  |
Американскиот претседател Барак Обама во петок ја потпиша мерката за погранична безбедност вредна 600 милиони долари, со што доби сила на закон. Прашањето ќе доминира во кампањите за конгресните избори во ноември.  |
Седумгодишната Малика Смит, била нападната од куче од расата стафорд бултериер, кое држејќи го девојчето со вилиците за глава, го влечкало по улицата.  |
Еден кинески трговски центар отвори паркинг предвиден само за дамите.  |
Езерото Диаманте во еден слабо населен дел од Аргентина би можело да им помогне на научниците да дојдат до заклучок за тоа како почнал животот на земјата и за тоа како какви организми би можеле да живеат на други планети.  |
На првиот ден на Драгачевскиот сабор на трубачи во Гуча се венчаа Милутин Давиниќ (55) и Ирена Белнардо (63) од Берлин која минатата година ја зела православната вера.  |
Македонскиот амбасадор во Белград Љубиша Георгиевски користејќи ја поговорката "каде има чад има и оган", потврдува дека се водат разговори за раздвижување на замрзантите преговори меѓу македонската и српската црква.  |
Американка на суд бара 50.000 долари оштета откако човекот облечен како Пајо Патопот ја фатил за градата во Дизниленд.  |
Првата иранска нуклеарна централа во Бушер ќе биде отворена на 21. август, изјави денеска за агенцијата Франс прес портпаролот на руската атомска агенција Сергеј Новиков.  |
Перуанското министерство за здравство е на мака со „нападите“ на лилјаците-вампири кои досега нападнале преку 500 луѓе, а виновни се и за смртта на четири деца.  |
Во најновите одрони на земја во близина на градот Џоучу, на северозападот на Кина, животот го загубија 14. луѓе, а 20. се водат како исчезнати.  |
Јубилејниот 50-ти Сабор на трубачи, на кој по прв пат ќе се одржи и избор на најдобар трубач на светот кој ќе ја добие „Златната труба на светот", започнува денеска во Гуча.  |
Москва конечно се „разлади“ од невремето пропратено со силен дожд.  |
Пред комитетот на Обединетите нации за искористување на расната дискриминација во Женева, Французите ги отфрлија обвиненијата за дискриминација на Ромите.  |
Интернет порталот „Викиликс" соопшти дека се подготвува да ги објави преостанатите тајни документи за војната во Авганистан, на што Пентагон изрази стравување дека ќе биде нанесена нова штета на американската безбедност.  |
Невобичаена воздухопловна несреќа се случи во близина на Рио де Жанеиро.  |
Се усложнува состојбата во северозападниот дел на Кина откако продолжуваат поројните врнежи на дожд.  |
Компјутерскиот гигант „Хјулит Пакард“ се стави на располагање на властите во Америка и Германија и ќе соработува во расветлувањето на истрагата за случајот за подмитување во Русија.  |
Некогаш анатемисаните како невешти – луѓето што ја користат левата рака, чиј број во последните сто години четирикратно се зголемил, денешнот ден - 13. август, го прославуваат како свој ден.  |
Секретарот за одбрана Роберт Гејтс изјави дека САД ќе се придржуваат на рокот за повлекување на американските трупи од Ирак до крајот на следната година.  |
Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари за прв пат ги посети областите зафатени од поплави, по интензивните критики заради тоа што не сакаше да го одложи претходно закажаното патување во Европа.  |
Барањата за социјална помош во САД се на највисоко ниво во последниве шест месеци, доказ дека пазарот на работна сила не се опоравува со очекуваното темпо.  |
Меѓународните организации ОБСЕ, НАТО и ЕУ ја истакнаа потребата од неопходноста на Охридскиот рамковен договор.  |
Во истражувањето што го спроведоа Универзитетот на Мериленд и Зогби интернешенал се испитува јавното мислење во Египет, Јордан, Либан, Мароко, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.  |
Специјалниот американски претставник за Блискиот Исток Џорџ Мичел, се очекува да допатува во САД, откако неговиот најнов напор за отпочнување на директни израелско-палестински разговори, не даде резултати.  |
Во Русија се одржуваат церемонии за одбележување на десеттата годишнина од несреќата на атомската подморница Курск.  |
Меѓународните организации ОБСЕ, НАТО и ЕУ ја истакнаа потребата од неопходноста на Охридскиот рамковен договор.  |
Американецот Род Сведен кој бил итно префрлен во болница поради болка во градите, се вратил дома со неверојатна дијагноза - во градите му растел грашок.  |
Секој 10 работник во светот е жртва на сексуално вознемирување на работа, покажа анкетата на Ројтерс и компанијата Ипсос.  |
Големи јата медузи, во последните неколку дена, го нападнаа Медитеранскиот брег на Шпанија, а само во последните три дена дури 700 пливачи се пожалиле на изгореници од нивните пипала.  |
Нарко банда од Рим, чувањето на чист кокаин и го доверила на змија. Под три метри долгиот албино питон, биле скриени повеќе од 200 грама кокаин, со највисок квалитет.  |
Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон повтори дека на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му понудила европска помош во гаснењето на шумски пожари во Русија.  |
Британското Министерството за финансии најави дека ќе стави вето на плановите за директно оданочување во Европската унија, предложени од Брисел, додека Германија се изјасни дека овој вид на оданочување е во спротивност со политиката на Бундестагот.  |
Според податоците од Интернет страницата на руската служба за набљудување на шумите, пожарите, кои беснеат од јули, засегнале околу 4.000 хектари радиоактивно загадени површини во западниот дел на Русија.  |
Турските безбедносни служби запленија 210 килограми хашиш, при операција во провинцијата Ван, соопшти агенцијата Анадолија.  |
Нов европски рекорд - 52.11, на 100 метри грбно постави Французинот Камил Лакур што е за 16 стотинки подобар од ланскиот на Германецот Меув, во Рим.  |
Шумските пожари во Русија и исфрлањето на јаглерод диоксид во атмосферата, можат да доведат до забрзување на процесот на климатските промени, сметаат екологистите од Светскиот фонд на дивата природа.  |
Претседателот Обама ја подвлече важноста од високо образование за сите Американци со цел земјата да остане конкурентна меѓу најбрзо растечките економии во светот.  |
Доколку од дома излезете смрдливи во хрватскиот град Осиек, нема да можете да се возите со јавниот превоз.  |
Најмалку шест лица загинаа, а уште 12 се повредени во катастрофалниот судир кој се случил на автопат во близина на Лос Анџелес, Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.  |
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се плаши дека за шест месеци би можел да умре, пишува американскиот магазин „National Enquirer“.  |
Започна судењето на најмладиот затвореник во затворот Гвантанамо. Со ова САД стануваат првата земја по Втората светска војна која ќе суди лице за воени злосторства кое во времето на извршувањето на злосторството било малолетно.  |
Двајца луѓе загинаа, а едно е потешко повредено во експлозијата на нафтоводот во југоисточна Турција кој пренесува ирачка нафта.  |
Во автобуската несреќа што се случи во северниот дел на Перу, загинаа најмалку 22 луѓе, додека 27 се повредени, пренесуваат локалните медиуми.  |
Во малиот приватен авион што се урна на Аљаска биле и пранешниот шеф на НАСА, Шон О‘Ниф и сенаторот Тод Стивенс, како и уште тројца луѓе чиј идентитет не се соопштува.  |
Маргарет Чан, првиот човек на Светската здравствена организација објави дека и официјално заврши пандемијата на свинскиот грип во светот.  |
Повеќе од 700 луѓе загинаа во одроните од земја во градот Жогу во провинцијата Гансу на северозападот на Кина.  |
Седумнаесет годишна девојка од Унгарија минатата недела се обиде да ја продаде својата невиност преку E-bay.  |
Венчавката на двајца млади Французи во градчето Сен Мартен била прекината само неколку минути пред невестата да го каже судбоносното „ДА“ и била итно префрлена во болница каде се породила.  |
Продолжуваат напорите на руските пожарникари да ги стават под контрола многубројните шумски пожари.  |
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху денеска е опериран во болница во Ерусалим, по што продолжи да ја извршува својата должност.  |
Двајца македонски државјани се уапсени од страна на Чешката централа за борба против наркотици во Прага, осомничени за продавање на дрога.  |
Кинескиња со ментално пореметување откако се искарала со мажот гола излегла на терасата и застанала на работ заканувајќи се дека ќе скокне.  |
Двајца војници ги загубија животите во одбраната од разбеснетиот пожар на рускиот нуклеарен центар во Саров, на околу 500 километри источно од Москва.  |
Американски иноватор дошол до бизарна идеја за да се заштеди простор за погребување со помош на нова верзија на мртовечки ковчег.  |
Бројот на убиени цивили или ранети во Авганистан порасна до 31% и покрај падот на бројот жртви предизвикани од силите предводени од НАТО.  |
Бројот на жртви во Москва е двојно зголемен како резултат на пожарите кои веќе две седмици беснеат во Русија.  |
Регионот на Пацифичките острови Вануату денеска го погоди силен земјотрес, по што е објавена опасност од појава на помал бран цунами.  |
Руската докторка Татјана Дјмент била одмор во Хрватска, но кога два дена на телефонот не можела да ја добие својата мајка, ги спакувала коферите и се вратила дома.  |
Австралиската пензионерка, 64.годишната Сју Олдхам го преплива каналот Ла Манш и е најстарата жена на која тоа и успеа.  |
Според резултатите од истражувањата на двајца австралиски научници, главен виновник за мистериозните исчезнувања на бродовите и авионите во познатиот Бермудски триаголник е гасот - метан!  |
Новиот колумбиски потпретседател Ангелино Гарсон (64), по само два дена од преземањето на должноста, доживеа срцев удар. |
Две децении по референдумот на кој беше решено да биде затворена, Италија планира повторно да ја отвори својата нуклеарна индустрија.  |
Низ цела западна Европа владите објавуваат болни кратења на буџетите за да можат да ги исплатат јавните долгови.  |
Премиерот Вен Џинбао по вторпат го посети погодениот регион и ги повика спасувачите да не се откажуваат од потрагата по преживеани.  |
Поплавите во Пакистан по обемот на несреќата можеби се полоши од трите последни природни катастрофи заедно: земјотресот во Хаити во јануари, цунамито во 2004-та и земјотресот во Пакистан во 2005-та, соопштија ОН.  |
Бројот на смртни случаи во Москва се удвои на 700 дневно, соопштија руски здравствени лица во време кога рускиот главен град трета недела по ред ги чувствува последиците на несекојдневните горештини и чадот од шумските пожари.  |
43-годишниот Ли Чанг седел на работ на резервоарот полн со живи јагули подготвени за готвење, кога се лизнал и паднал внатре.  |
Илјадници семејства се евакуирани од градовите во долината на Ниса на истокот на Германија, откако водостојот на оваа река достигна рекордна висина од преку седум метри.  |
Поради сомнение дека се вршат подготовки за терористички акции. германската служба за безбедност ја затвори Таиба-џамијата во Хамбург.  |
Најмалку 1.600 луѓе го загубија животот во поплавите во Пакистан, а повеќе од четири милиони се погодени од нив.  |
Најмалку 15 луѓе во Европа загинаа во поплави.  |
Обединетите Нации, меѓународните дипломатски мисии и организации, по 17 години, ќе го обноват присуството во Сомалија, земјата разорена од граѓански војни и активности на бунтовниците.  |
Даниела Конрад од градот Тимелкам во Австрија, мајка на пет деца е обвинета за убиство на 77-годишната соседка.  |
Жителите на градот Нагасаки во Јапонија со едноминутно молчење во 11:02 часот по локално време ја одбележаа 65 годишнината од атомското бомбардирање кое се случи последните денови од Втората светска војна.  |
Папата Бенедикт 16 конечно ќе биде присилен да ги укине „Христовите легионери“.  |
Свадба на јужниот дел од Турција завршила трагично, кога младоженецот, прикажувајќи ја својата радост со рафали од пушка од невнимание го убил сопствениот татко и двете тетки.  |
Италијанскиот магазин „Панорама“, кој е во сопственост на Силвио Берлускони, објави сторија за тајниот ноќен живот на дел од ватиканските свештеници.  |
Пентагон бара веб-страницата Викиликс веднаш да врати десетици илјади од тајните документи за војната во Авганистан објавени минатиот месец, заедно со други за кои сопствениците на сајтот велат дека се подготвени да ги објават.  |
Пакистанските власти наредија нова евакуација на жителите на посигурни места, откако зголемениот водостој на реката Инд се закани да поплави голем дел од јужната покраина Синд.  |
Денеска еруптира вулканот Карангетанг на островот Сиау, еден од најактивните вулкани во земјата, при што неколку стотини метри во височина исфрли лава и врела вулканска прашина.  |
Од Ватикан е осудена новоста која се воведува од оваа сезона за пренесување на натпреварите од Серија А во недела во терминот од 12:30 часот.  |
Бројот на жртави во поплавите во Индија се искачи на 85 по изненадните обилни врнежи од дожд за време на ноќта. Повредени се најмалку 340 лица во регионот Ладак во индискиот дел на Кашмир, соопшти денеска индиската полиција и војска.  |
Десетина полицајци во Лос Анџелес како на филм го бркаа возачот кој откако ограби една бензинска пумпа и се вдаде во бегство по улиците на градот.  |
Осумнаесет деца од Танзанија се удавиле при превртување на брод на езерото Викторија.  |
Лебот во Романија може да поскапи за 30 отсто наесен.  |
Новиот полски претседател Бронислав Коморовски денеска во Варшава на свечена седница на двата дома на полскиот парламент ќе ја положи претседателската заклетва и официјално ќе ја преземе функцијата шеф на државата.  |
Во несреќата која се случи во еден мал рудник на северот на Чиле околу 30 рудари се затрпани под земја.  |
Јапонија денеска се сеќава на повеќе од 140.000 жртви кои пред 65 години загинаа при фрлањето на првата атомска бомба во светот врз градот Хирошима во 1945. година.  |
Во Британија, во текот на педесеттите години на минатиот век владеело огромно интересирање за неидентификуваните летечки објекти (НЛО)., поради што шефовите на безбедносните служби, седмично се состанувале за да ги соберат и разгледаат неделните извештаи на овој феномен.  |
Германец и неговата сопруга од Јапонија ја преживеаја страотната несреќа кога со автомобил паднаа во бездна длабока 150 метри.  |
Италијанскиот министер за внатрешни работи Роберто Марони го поздрави денеска апсењето на членовите на членот на „Комората“ од Неапол Виторио Пироци (58), кој се наоѓа на листата на најбараните криминалци во Италија.  |
За време на последните 24 часа, бројот на пожари во Русија се искачи за 69, а бројот на жртвите на огнената стихија на 50, јави агенцијата Итар-Тас.  |
Акцијата за комплетно затворање на локацијата од која истекува нафта во Мексиканскиот залив напредува добро и наскоро ќе се спречи во целост, потврди денеска американскиот командант за национални инциденти Тед Ален.  |
Судија на федералниот суд во САД ја поништи забраната за склопување на бракови меѓу лица од ист пол во американската сојузна држава Калифорнија и претходната одлука ја прогласи за неуставна, јавуваат американските медиуми.  |
Четириесет од најбогатите семејства и поединци во САД, меѓу кои и најмалку 30 милијардери, ветија дека ќе дадат најмалку половина од нивното богатство на добротворни организации.  |
Македонскиот крал Александар Велики најверојатно бил отруен со вода од реката Стикс во Грција, а не од туфус или маларија, велат научници од Универзитетот Стенфорд во САД.  |
Бртитанската агенција за сигурност на храната објави дека покрена постапка за истрага околу тоа како месото од потомци на клонирана крава се нашле во прехранбената индустрија.  |
Западниот брег на Чиле денеска го погоди земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.  |
Познатата манекенка Наоми Кембел изјав денеска пред судот во Хаг дека добила вреќичка со неколку мали дијаманти за време на нејзиниот престој во Јужноафриканската Република.  |
Во два одвоени напади на северот на Авганистан денеска се убиени најмалку седум припадници на авганистанските и НАТО силите, додека 11 Авганистанци се ранети, соопштија официјални лица.  |
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска повика за време на посетата на јапонскиот град Нагасаки на комплетно укинување на нуклеарното вооружување.  |
Рускиот претседател Дмитри Медведев отпушти неколкумина врвни воени претставници бидејќи не успеале да го сопрат уништувањето на воена флота крај Москва од шумските пожари.  |
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони го „преживеа“ првиот голем тест во парламентот по раскинот на „љубовта“ со најголемиот коалиционен партнер. Парламентот со 299 гласови за и 229 против гласаше против одлуката за разрешување на висок владин функционер обвинет за корупциски скандал.  |
Цената на цигарите варира низ САД, зашто секоја сојузна држава ја одредува висината на данокот на продажба. За пакло цигари. Во некои држави е неколку центи, во други неколку долари. Така, со околу 45 милиони пушачи во САД, цигарите се голем бизнис, но и шверцувањето на цигари. |
| | |