сабота
04.09.2010
пребарај

Богата Илинденска програма во Охрид

Охрид, 30. јули 2010 (ИНПРЕС)

Втори Август, Денот на Илинденското востание ќе се чествува и во Охрид.

Во очи на празникот, на градскиот плоштад, во организација на Локалната самоуправа, ансамблот за народни игри „Филиграни“ ќе одржи концерт со почеток во 19 часот и 30 минути, а во селото Велгошти, во 20 часот, пред споменикот на Илинденските востаници ќе се одржи пригодна свеченост.
На 2.Август во 11 часот, делегации на Локалната самоуправа, Советот на општината и Сојузот на борците на НОБ ќе положат цвеќе на спомен-бистите на загинатите борци во револуционерната борба за суверена и самостојна Република Македонија.

Пригодна свеченост по повод 2.Август, Илинденското востание,со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи и кај споменикот во месноста „Прентов мост“ кој е подигнат во чест на илинденските востаници од охридскиот крај, што ги положија животите во легендарната битка кај Рашанец.

Одборот за прослава при Месната заедница од село Плаќе, 2-ри Август ќе го одбележи со културно-забавна програма во селото со почеток во 10:30 часот, каде е предвиден и имповизиран напад на селото од комитите, се’ со цел оживување на минатото и олицетворување на вечната борба за слобода на Македонскиот народ.

Свеченостите со кои Охрид ќе го одбележи годинешниот Илинден, ќе бидат збогатени и со спортски активности.Во организација на Клубот на спортови на вода „Охридски бранови-2008“ од Охрид, а под покровителство на Советот на општина Охрид, на 2 Август во 16 часот, на патеката „Горица-Охрид“ во должина од 2,5 километри, ќе стартува традиционалниот 31-ви по ред „Илинденски пливачки маратон-Охрид 2010“. Учество ќе земат над 50 пливачи од повеќе клубови од Македонија и странство. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме - злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи.

(Бернд Поселт - европратеник)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола
Inpress on Facebook

дневен е-весник
Убави вести
Со кајак по Охридското Езеро, стружанецот Ристо Чуркоски на 8. Септември Денот на независноста на Република Македонија ќе помине 90 километри.

www.kd-group.com.mk

Либанецот Хасан Абед Рабо тврди дека е сопственик на најмалиот комплетно рачно напишан Куран. Минијатурата на муслиманската света книга е со димензии 2,4 на 1,9 сантиметри.
Канадскиот celt - punk бенд The Real McKenzies, со својот концерт на 24. септември во скопскиот клуб “Хавана“ го најавуваат новото издание на фестивалот “Таксират 2010“. Бендот кој важи за најдобар промотор на својот жанр, за прв пат ќе настапува во Скопје.
По безбројните истражувања на врската меѓу храната и ракот на дојката, се уште не може да се каже дека постои некој дефинитивен резултат.



 

Copyright 2009 InMedia. All rights reserved.
e-mail: contact@inpress.com.mk

Powered by Nextsense webBuilder