вторник
29.07.2014
пребарај

Во Корча, Албанија, промовирана „Сто години копнеж“ од Мишо Јузмески

Корча, 9. февруари 2014 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: Инпрес

Македонскиот културен центар „Сонце“ од Корча, Република Албанија, се повеќе зрачи на планот на афирмацијата на македонскиот јазик и културното создавање во Република Македонија.

Неодамна, вниманието го сврти со преобјавата на Букварот на легендарниот учител на Македонците во албанија Никола Беровски - Коле, додека викендов ја организираше промоцијата на збирката раскази „Сто години копнеж“ од Мишо Јузмески. До крајот на месецов ќе организира промоции на најновите дела на Стефан Влахов Мицов и амбасадорот Ристо Никовски.

Големата дворана на градската библиотека во Корча, за вчерашната промоција на збирката раскази „Сто години копнеж“ од Мишо Јузмески, беше преполна со  претежно етнички Македонци од округот Корча, односно жители на градовите Корча, Поградец и Билишта, како и од општина Пустец. На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на општината Пустец Едмонд Темелко.

Домаќин и водител на програмата беше Васил Стерјовски, познат активист од редовите на македонското малцинство во Албанија. Претставувањето на книгата започна со изведба на македонската химна којашто во живо ја отпеа Ратко Ѓорѓиески од Прилеп.

За творештвото на Јузмески зборуваше охридскиот книжевник Тоде Илиевски, а поконкретно за книгата „Сто години копнеж“ зборуваа м-р Лидија Размоска од Охрид и Драги Башевски од Прилеп.

- Секој расказ има своја порака. Секоја порака ја оживува вистината за љубовта, сонот и копнежот. Силната желба да се реализира сонот, ја навестува љубовта која заради неможноста да се оствари се претвора во сон. Сонот се претвора во бескрајност, во силна желба да се постигне нешто, во копнеж. Со секој збор е опишана мистеријата околу која се вртат и двата лика во расказот, а авторот оставајќи му на читателот сам да ја заврши приказната, му овозможува да ги толкува настаните според сопственото согледување. „Сто години копнеж“ многу симболично прикажува дека човековиот живот е исполнет со копнеж, истакна во освртот кон книгата уредникот м-р Лидија Размоска. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина. Се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името.

(Метју Нимиц, посредник на ОН во разговорите за спорот за името)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола

Inpress on Facebook
дневен е-весник
Под наслов „Патинирани цитати“, во сабота, во Куќата на Робевци во Охрид ќе биде отворена изложбата на Мирчо Матевски - Рисимкин.
Познати се осминафиналните двојки и дуелите за пласман на Светското првенство во ракомет за жени што се одржува во Македонија.

Мараја Кери и Ник Канон го продале имотот во Бел-Ер за над 10 милиони долари.

Легендарниот рок бенд Пинк Флојд, во октомври треба да го претстави својот прв албум „The Endless River“ по 1994 година.

Недостатокот на движење го загрозува здравјето на човекот, и придонесува, не само до прекумерна телесна тежина, туку и за психички проблеми, почнувајќи од депресивни состојби до сериозни психички заболувања.


 

Copyright 2012 InMedia. All rights reserved.
Објавените информации на интернет страницата на Инпрес може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
e-mail: [email protected]

Импресум | За нас

Powered by Nextsense webBuilder