сабота
04.09.2010
пребарај

Србија не се откажува од Косово

Лондон, 30. јули 2010 (ИНПРЕС)

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ пристигна во Њујорк на средби во Обединетите нации, само еден ден откако Србија ненадејно поднесе нацрт-резолуција околу Косово.

Со неа се предлага заклучок во врска со решението на Судот на правдата од минатата седмица и се бара спорните прашања да се решат со преговори.

Резолуцијата била заеднички планирана, вели британскиот амбасадор во Белград, но во согласност со членките на таканаречениот „квинтет" во кој влегуваат и Соединетите држави. Веќе се разговарало за елементите на текстот и затоа дошло како изненадување тоа што Белград решил да го поднесе самостојно, вели амбасадорот Стивен Вордсворт:

- Ние се уште би сакале заеднички да ја договориме резолуцијата, да усогласиме текст со кој сите би се согласиле, би го доставиле до Генералното собрание, а потоа да продолжиме со практичните прашања за иднината на Србија и целиот регион во ЕУ. Државите што го признаа Косово, како Британија, не можат да се согласат со нешто што практично би ја поништило декларацијата за косовската независност, вели амбасадорот.

Во предлогот Белград наведува дека едностраното отцепување не е прифатлив начин за решавање на територијалните прашања и ги повикува сите страни на преговори, јавува ББЦ.

Иако потегот е легитимен, изненаден беше и германскиот пратеник од владејачката коалиција Петер Баер:

- Малку ме изненади тој нов потег, само една седмица по мислењето на Судот. Ми се чини дека Србија сега сака да го заобиколи тоа мислење и да тргне во нов напор да го спречи признавањето на Косово. Мислам дека тоа не е потег кој оди во прилог на членството на Белград во ЕУ и мислам дека ќе му нанесе штета, не толку со самиот текст колку со начинот, смета германскиот пратеник.

Некогашниот косовски политичар Азем Власи пак верува дека сето тоа е веќе залудна работа:

- Залудно е секое продолжување на борбата на Србија на меѓународен и дипломатски план и натаму да се саботира државност на Косово. Најдобро е да се свртат кон соработка и уредување на меѓудржавните односи, вели Власи.

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово е закажана за следната седмица. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме - злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи.

(Бернд Поселт - европратеник)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола
Inpress on Facebook

дневен е-весник
Убави вести
Со кајак по Охридското Езеро, стружанецот Ристо Чуркоски на 8. Септември Денот на независноста на Република Македонија ќе помине 90 километри.

www.kd-group.com.mk

Либанецот Хасан Абед Рабо тврди дека е сопственик на најмалиот комплетно рачно напишан Куран. Минијатурата на муслиманската света книга е со димензии 2,4 на 1,9 сантиметри.
Канадскиот celt - punk бенд The Real McKenzies, со својот концерт на 24. септември во скопскиот клуб “Хавана“ го најавуваат новото издание на фестивалот “Таксират 2010“. Бендот кој важи за најдобар промотор на својот жанр, за прв пат ќе настапува во Скопје.
По безбројните истражувања на врската меѓу храната и ракот на дојката, се уште не може да се каже дека постои некој дефинитивен резултат.



 

Copyright 2009 InMedia. All rights reserved.
e-mail: contact@inpress.com.mk

Powered by Nextsense webBuilder