Кривична пријава за Сотир Филески
Oхрид, 5. септември (ИНПРЕС)
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Сотир Филески (23), лицето што е сопственик и го кормиларел бродот "Илиден" кој потона денеска претпладне во Охридското езеро.

Покрај против капетанот Сотир Филески, МВР поднесе кривична пријава и против неговиот помошнико Влатко Јустинијатноски за “тешки дела против бвезбедноста на луѓето во сообраќајот“.
Тие доцна вечерва беа префрлени од охридската полиција во Основниот суд во Охрид на понатамошен распит кај истражниот судија. Тој треба да ја утврди нивната одговорност и како всушност се случила несреќата.

Пред полицијата младиот капетан Филески изјавил дека прво слушнал силен тресок во задниот дел на бродот, по што изгубил контрола. Затоа и претпоставил дека се скинала сајлата, по што бодот нагло свртел надесно и почнал да се полни со вода.
Подоцна бродот “Илинден“ започнал да тоне и за само неколку минути потонал на дното на езерото.
Капетанот на бродот Сотир Филески бил пробајден во езерото по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.
Истрагата ќе продолжи утре и треба да ги утврди последните мигови на бродот “Илинден“.
Во несреќата со давење загинаа 15 бугарски туристи. На бродот биле 57 лица, многу повеќе од дозволеното.
Бродот бил лиценциран и имал дозвола за работа, меѓутоа поседувал само неколку појаси за спасување. (Крај) |