Обид за убиство заради крвна одмазда
Струга, 21. јуни (ИНПРЕС)
Шпатим Илјази, 45. годишен жител од струшкото село Калишта заради крвна одмазда се обидел да го убие 60. годишниот Џ.Ш. од струшкото село Радолишта.
Вчера околу 09:00 часот во Струга на ул.„Пролетерски бригади“, И.Ш.(1965) од с.Калишта со неколку истрели од огнено оружје – пиштол, непозната марка и калибар, се обидел да го лиши од живот Џ.Ш.(1950) од с.Радолишта, по што со ПМВ„Голф“ со охридски регистерски ознаки, го напуштил лице местото, додека Џ.Ш. не се здобил со повреди.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител, истражен судија и полисиски органи, при што од лице место се подигнати: чаура, проектил и остатоци од проектил, кои се подигнати за вештачење. Причина за обидот за убиство се претпоставува дека е крвна одмазда.
Од страна на полицијата во Струга, И.Ш. е пронајден и лишен од слобода, против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Убиство во обид“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Од страна на истражен судија од Основниот суд во Струга одредена му е мерка притвор од 30 дена. (Крај) |