петок
25.07.2014
пребарај

Груевски - СДСМ и ВМРО заедно во Струга, ова се историски избори за Македонија

Струга, 14. март 2013 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: Инпрес

Вечерва сме сплотени обединети како никогаш досега. Заедно сме и СДСМ и ВМРО и сите други политички партии. Ова се историски избори за Македонија, истакна премиерот Никола Груевски синоќа на митингот што ВМРО-ДПМНЕ го одржа во Струга.

- 2005 година беше воопшто тешка година за Струга. Тогаш имаше референдум но да бидеме искрени, Струга тогаш немаше доволна излезност. Да си признаеме и да се поправиме на овие избори, порача Груевски. Да излезете 100 проценти на гласање, да заборавите на партиите, на политичката борба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече Груевски.

Како што додаде тој, досегашниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, изминатите осум години водел лична агенда, а не агенда за развој на општината.

- Ние во изминатите години се трудевме да помогнеме на Струга. Но тешко одеше со градоначалникот Мерко и затоа ВМРО-ДПМНЕ овде ја напушти коалицијата што на почетокот се создаде и реши да биде опозиција во Струга, затоа што тој не ја вршеше работата добро и тераше лична агенда за негов интерес, а не за заедничкиот интерес. Не беше лесно да се соработува со тој човек. Создаваше тензии, подбуцнуваше етнички немири и судири,  не дозволуваше да се случат нови  инвестиции. Но и покрај се, направивме чекори кои помогнаа на Струга, рече Груевски.

Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од ВМРО-ДПМНЕ доктор Владимир Кочоски најави дека неговата програма со нуди иднина, развој и преобразба, и од Струга, како што додаде, ќе направи убаво место за живеење за сите граѓани.

- Со оваа програма и деведесет и седумте проекти кои ќе ги реализираме, тоа ќе се промени. Јас сум сигурен дека огромен број на Турци, Власи, Египќани, Роми, Срби, Македонци муслимани и Албанци, граѓани на Струга, ќе гласаат за оваа опција, затоа што ги препознаваат своите интереси , во оваа стратегија за развој на Струга. Оваа програма нуди решенија за тие проблеми бидејќи е производ од потребите и барањата на граѓаните на овие места, истакна доктор Кочоски.

Тој најави проекти во сите сфери на живеењето кои ќе се реализираат во сите населени места во Општина Струга.

Пред присутните на синоќешниот предизборен митинг се обратија претседателката на Демократската обнова на Македонија Лилјана Поповска, Јован Лазаров од Социјалистичката партија, како и кандидатот за советник на заедничката листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ и СДСМ Никола Затуроски. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина. Се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името.

(Метју Нимиц, посредник на ОН во разговорите за спорот за името)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола

Inpress on Facebook
дневен е-весник
Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во 21:00 часот во црквата „Света Софија“ ќе настапи камерното дуо „Кадеша“ од Република Албанија.
Ветеранот Реј Ален и следната сезона ќе му биде соиграч на Леброн Џејмс, откако потпиша едногодишен договор со Кливленд Кавалирс.

Кошаркарот Леброн Џејмс им однесол колачи на сите соседи како извинување за однесувањето на неговите најгласни фанови.

Пејачката и авторка Наташа Мијатовиќ - Мијата на сите кои ја почитуваат нејзината музика, ова лето им го нуди својот нов сингл „Ко деца мали“.

Лимоните се докажан природен лек против многу проблеми и состојби во организмот.


 

Copyright 2012 InMedia. All rights reserved.
Објавените информации на интернет страницата на Инпрес може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
e-mail: [email protected]

Импресум | За нас

Powered by Nextsense webBuilder