Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде време да се стави крај на долгогодишното двоумење и другите земји членки да ја прифатат Македонија како членка на Северноаталнсткиот пакт. Се надевам дека ова ќе се случи во Чикаго, вели Робин О`Нил, поранешен медијатор во грчко-македонскиот спор за името.
Денеска се навршуваат 140 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, идеологот на Илинденското востание и човекот кој светот го разбираше како „поле за културен натпревар меѓу народите“.
Првиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски по средбата со американскиот заменик-државен секретар Вилијам Барнс за Гласот на Америка на македонски јазик изјави: „САД остануваат посветени во поддршката на Република Македонија да влезе во НАТО“.
Свр Охрид го продолжува проектот „Дрога-вистина и заблуди“ во соработка со Здруженијата на уметници „Културен центар-Медиа Артес“ и „АРТерија“ од Охрид.
Ниските утрински температури и остатоците од снег по дел од коловозите, резултираа со воведување на забрани за движење на товарни возила на дел од патните правци во државава.
Пред неколку дена премиерот изјави дека, Владата преку Министерството за труд и социјална политика, планира голема инвестиција со изградбата на нови градинки, со образложение дека, долго време не е инвестирано во вакви објекти.
Владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ денеска беше промовиран пред охриѓани. Граѓаните се интересираа за условите што ги нудат банките вклучени во проектот.
„Македонија треба да работи за својата цел - тоа се евроатланските интеграции - до и после Чикаго. Ако стане, или ако не стане членка во Чикаго, интересот на Република Македонија во однос на спроведувањето на реформите и стандардите на НАТО е нејзин стратешки приоритет во правец на безбедноста и стабилноста.“
Традиционалната книжевна и културна манифестација „Фестивал на чајот и читањето“, годинава ќе се одржи од денеска до 4 март во Културниот центар „Феникс“ во Скопје.
Поради расистички навреди на сметка на играчите на Стоук во премиерлигашкиот натпревар одигран на „Олд Трафорд“ во вторникот, уапсен е еден навивач на Манчестер Јунајтед.