четврток
09.09.2010
пребарај
вести  >  Македонија
Бранко Црвенковски во недостаток на идеи и проекти секоја изјава му е иста во изминативе две години. Неговото силење дека ќе се врати на власт не потсеќа на еден виц со мали Џокица.
Муслиманите во Република Македонија утре го ќе го одбележат големиот празник Рамазан Бајрам. Утрински Бајрам - намаз утре ќе се служи во сите џамии.
На просторот каде Св. Климент Охридски го создал ремек делото на средновековната охридска книжевност и пофалното слово за светите солунски браќа Св. Кирил и Методиј ќе бидат лоцирани бројните објекти кое се дел од комплексот на возобновениот Св. Климентов универзитет.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска ќе оствари средба со авструскиот конзул во Република Македонија Сузан Смит.
На водопадите во Колешино денеска, во чест на 8. септември, независноста на Република Македонија, се одржува Фестивал на храна, вино, песни и ора „Ново фест“.
Министерството за образование и наука преку Институтот за политички истражувања од Скопје спроведе анонимна телефонска анкета за состојбите во образованието.
Пратеникот Александар Николоски во својство на Претседател на македонската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа на 8. септември ќе биде во работна посета на Ватикан и Италија.
Пред 19 години, на централниот плоштад во Скопје, Киро Глигоров, тогашниот претседател на државата и Никола Кљусев, тогашен претседател на Владата на Република Македонија, го отворија победничкото шампањско.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе престојува во Пустец, Албанија, каде ќе се сретне со претставници на Македонците во Албанија, а ќе разговара и со градоначалникот на овој град Едмонд Темелко.
По повод денешниот протест на Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија, (КСОМ) пред Собранието на Република Македонија Социјалдемократската Унија ја дава својата јавна подршка.
„Дајбоже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, кои што се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина - Македонија".
За прв пат во историјата на Македонија денеска Охридското Езеро ќе биде обиколено со кајак.
Почетокот на изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид ќе биде означен денеска на празникот Свети маченици Адријан.
Во организација на Меѓународната организација - Sacen International - центар за развој на туризмот и угостителството, претпријатието Филип ДООЕЛ и Општина Охрид, на 10 и 12 септември ќе ја одржат Меѓународна манифестација „Охридски денови на гостопримството и туризмот во регионот на Југоисточна Европа“.
Метеоролозите за денешниот празничен ден најавуваат сончево и потопло време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во Повардарието слаб до умерен ветер од јужен правец.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани по суви и чисти коловози.
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, денеска, по повод 8 септември - Денот на независноста упати честитка до сите граѓани на Република Македонија.
Одлуката со која ќе се овозможи фирмите со блокирани сметки да можат да вршат трансакции се до 2012 година покажува дека планираме да ги довршиме проектите и ниту еден проект нема да запре со градба.
За прв пат во историјата на Македонија Охридското Езеро ќе биде обиколено со кајак.
Во Министерството за образование и наука се задоволни од спроведувањето на владините проекти.
Министерството за правда Михајло Маневски изјави дека документацијата за екстрадиција е целосно доставена до косовските власти.
Списокот на ветеното, а неоствареното, не започнува и завршува со земјоделството, здравството и економијата, туку напротив, тој список е далеку подолг.
Транспарентност Македонија нема кредибилитет да дава оценки бидејќи таквите оценки се низ партиската призма на СДСМ.
Министерот за образование во владата на Република Македонија Никола Тодоров да поднесе оставка од морални причини како најодговорно лице за случајот со учебниците.
Денешното судско рочиште за глисерската несреќа во која животот го загуби 39. годишната Ирина Романова Муцинска, поради здраствени причини на обвинетиот Кристијан Шапкар се одложи.
Неточни и невистинити се информациите објавени за работењето на Агенцијата за енергетика на Република Македонија и директорот на Агенцијата, Лазар Гечевски, реагираат од Агенцијата.
Најпрво на сите граѓани им го честитаме големиот празник Денот на независноста 8. Септември.
Од четврток, во дводневна официјална посета на АРМ, ќе претстојува висока воена делегација на Вооружените сили на Република Австрија, предводена од началникот на ГШ на Република Австрија, генерал Едмунд Ентахер.
Пред Основниот суд во Охрид, повторно, по четврти пат, е одложен судскиот процес против пратеникот од СДСМ Томе Чингоски, по пријава од СВР Охрид за нарушување на јавен ред и мир.
Почетокот на изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид ќе биде означен утре на празникот Свети маченици Адријан.
Во Основниот суд во Охрид денеска продолжува судскиот процес против Кристијан Шапкар, обвинет за глисерската несреќа во која животот го загуби 39-годишната Ирина Романова - Муцинска.
Сопствениците на охридските бродови поднеле барања за добивање сертификат за пловење до бродскиот регистар Биро Веритас, информираат од охридската капетанија.
Во Собранието на Република Македонија, закажани се две седници.
По повод 8. Септември - Денот на независноста на Република Македонија, денеска напладне во касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба.
Транспарентност - Македонија, денеска на прес - конференција ќе го презентира Извештајот за борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста во работата на државните органи, општествените и политичките институции во Македонија за периодот од јули до август 2010. година.
По повод 8. септември Денот на независноста на Република Македонија, припадниците на полкот за специјални операции на АРМ, денеска преку центрите за социјални работи на Дебар и Куманово ќе донираат облека, обувки и прехранбени продукти.
До каде оди алчноста на ВМРО ДПМНЕ покажува фактот што тие решија на булевар да вцртаат маркица и да си присвојат цел булевар.
Пред четири години земјоделците ги фрлаа доматите, го палеа тутунот ги газеа краставиците.
Денеска Иницијативниот одбор за формирање на државна агенција за обезбедување одржа седница на која ја разгледа агендата за идните активности во наредните неколку месеци.
Загрижени и згрозени сме од последните изјави и јавни настапи на лицето Александар Петрески, изјави со кои го достигна дното на политичката некултура и комуникација, изјави карактеристични за личности со дискутабилен ментален склоп.
Денес, со овој протест се ставаме на страната на граѓаните на Центар, и го креваме нашиот глас против овој скандалозен проект на Владата и Општина Центар.
На повеќето ниви во струмичкиот регион заврши бербата на бостанот.
По повод муслиманскиот празник Рамазан вечерва во скопската населба Чаир ќе се одржи концерт. Организатор е „Калаја Шкуп“, но не се поканети претставници од Исламската верска заедница.
Иницијативниот одбор за формирање на Државна агенција за обезбедување ќе одржи прес конференција по повод најновата серија трагични инциденти, загрозувања на безбедноста на граѓаните и нарушување на јавниот ред и мир во државата.
Денеска во Струга започнуваат осмите синдикални спортски игри во организација на Самостојниот синдикат на вработените во одбраната.
Општинската организација на СДСМ Центар, денес ќе организира мирен протест со цел искажување на револт за непланското и намерно уништување на Скопје со последните измени на ДУП Стара Железничка.
Околу 20 часот вечерта, едно лице со „Калашников“ влегло во рибниот ресторан во трговскиот центар во населбата Аеродром, во тоа време преполн со жители од околните згради, и изрешетало тројца од присутните.
За прв пат од годинава денешниот ден 4. септември ќе почне да се одбележува во меѓународни рамки како Ден на сексуалното воспитување и образование.
Метеоролозите за викендов најавуваат посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во западните делови претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата утринава се одвива тековно без забрани по влажни коловози.
Говорот беше без содржина и симболичен. Сликата говори колку илјада зборови. Вака денеска ДУИ го иронизираше отчетот на премиерот Никола Груевски.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, попладнево, преку МВР се огласи со писмено соопштение -реакција по повод невистините изнесени од СДСМ околу наводното незаконито купување стан.
СДСМ и Бранко Црвенковски 18 години не кажаа ниту еден збор за областа земјоделие, а ниту пак нешто им помогна на земјоделците.
Од денес па во наредните денови СДСМ започнува со уште еден проект. Целта е целосно и аргументирано разоткривање на бруталните лаги, манипулации и злоупотребите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Во името на спечалувањето на ефтини политички поени Петров и неговата партија СДСМ денес го заборавија и она што значи минимум пристојност и воспитание, „логицирајќи“ со сугестибилни обвинувања околу приватниот живот на еден сега веќе починат полициски службеник, на неговото семејство и блиски.
Првата е во тоа што имотот на раководните лица на ВМРО-ДПМНЕ е стекнат пред превземањето на јавните функции, во согласност со сите законски регулативи, а милионскиот капитал на долгогодишните функционери на СДСМ е стекнат токму во време кога тие вршеа високи државни и јавни функции.
Токму вчера кога Груевски сакаше во лажирани медиумски настапи да даде очет за своето владеење го доби одговорот што всушност “сработил“ во изминативе четири години и на кое дереџе ја донесе државата.
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска, надвор од неговата вообичаена шема да биде опкружен со министрите, самиот даваше отчет за изминатите 4 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Нивото на комуникација на СДСМ од ден на ден е се победно.
Повеќе од 1.200 светски авторитети од областа на земјотресното инженерство, пет дена во Охрид учествуваа на петдневната Европска конференција.
Во рамките на својот хуманитарен карван, текомуникацискиот оператот ОНЕ денеска во амбулантите во Струмица и Свети Николе донираше медицинска опрема намената за екипите на Брзата помош.
На стартот од новата учебна година не започна со работа новата зграда на основното училиште „Братство - Миѓени“ во тетовската населба Дреновец.
Во Гостивар се „чешлаат“ професорските дипломи. Последните контроли што ги побара гостиварскиот градоначалник Руфи Османи покажаа дека постои сомневање оти во образовните институции во градот предаваат професори и наставници со фалсификувани дипломи.
Бродот „Галеб" по двомесечна пауза денеска за прв пат заплови во водите на Охридското Езеро.
Управните служби при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе работат и утре во просториите на зградата на МТВ, во периодот од 08,30 до 16,30 часот.
Претпоставуваме дека г-ѓа Светлана Јакимовска се придружи на списокот на ноторни лажговци и идиоти.
Повторно се потврдува лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.
Република Македонија неповратно ги изгуби деведесеттите години.
За прв пат од годинава утрешниот ден 4. септември ќе почне да се одбележува во меѓународни рамки како Ден на сексуалното воспитување и образование.
И покрај тоа што Советот на општина Охрид донесе заклучок за брзо решавање на проблемот со бродовите со цел кризата да биде надмината за оваа сезона, известувањето од Министерството за транспорт и врски содржи решавање на проблемот но за следната година.
Судбината треба да си ја земеме во свои раце. Регулацијата на водениот сообраќај треба сами да си ја направиме. Министерството не сака ама и незнае да го реши проблемот. Тоа го знаете и и вие советниците. Но кој ќе гукне ќе биде сменет. Затоа немојте да се буните.
В недела, на 5. септември ќе се одбележи една година од бродската трагедија во која трагично ги загубија животите 15 туристи од Република Бугарија, при превртување на бродот „Илинден“ кај автокампот Елешец.
Собранискиот деловник може да се најде на дневен ред за гласање пред пратениците во Собранието во вторник.
Новите поротници во судовите ќе мора да бидат со академско образование и наместо да заминуваат во пензија на 60 години, ќе можат да работат до 64. годинишна возраст.
За 60-те станови за млади брачни парови во населбата Лисиче во скопската општина Аеродром, пристигнале 210 апликации.
Во недостаток на конкретни решенија за оваа држава ВМРО ДПМНЕ измислува ноторни лаги. Ги потсетуваме дека на јавноста и должат одговори за имотот вреден милиони, милиони евра кој го поседуваат функционерите на ВМРО ДПМНЕ.
Измените на Деловникот за работа за Собранието ќе се најдат пред пратениците во вторник доколку претставниците на опозицијата на координацијата в понеделник соопштат дека го прифаќаат текстот на овој документ.
Бесплатнен превоз во јавниот градски сообраќај на ниво на Градот Скопје, за редовнво запишани студенти кои студираат на сите државни и приватни универзитети, побараа либерал демократите и советниците на ЛДП во Собранието на Град Скопје.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, на покана на Демократската партија на социјалистите во Црна Гора, престојува во посета на Црна Гора.
Началникот на Генералштабот на АРМ генерал - потполковник Мирослав Стојановски од денес е во официјална дводневна посета на командата на здружените сили на НАТО во Неапол, Италија каде ќе се сретне со командантот, адмирал Марк Фицџералд.
Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија, блиска до народот не е ништо друго туку мит кој пропагандната машинерија на партијата на власт го гради и и го сервира на македонската јавност во изминативе четири години, рече на денешната прес конференција Стевчо Јакимовски.
Понудата голема побарувачка скоро и да нема, вака накратко се опишува пазарот на недвижности во Охрид.
По истекот на летната сезона бродовите откако цело лето останаа закотвени на градското пристаниште решија да почнат постапка за добивање сертификат.
Официјално вчера започна реконструкцијата на охридската болница. Испразнет и подготвен за уривање е стариот павилјон кај хируршкиот оддел и другите одделенија сместени во старата зграда.
Одложено Рочиштето за обвинетите во процесот „Мавровски работници“ во Основниот суд Скопје 1, а причината е постапката за екстрадиција на обвинетиот Сафет Одриќ од Србија во Македонија.
Локалниот акционен план за унапредување на лицата со попреченост во општина Охрид 2010-2013 ќе биде промовиран денеска напладне во ресторанот „Белведере“ во Охрид.
Во Собранието на Република Македонија денеска заседаваат неколку матични тела.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенкоски, на се позачестените забелешки во јавноста дека партијата му е во „,лер“ и дека опозицијата спие, вчера „парираше“ со неочекувана жестокост и силни зборови.
Со кајак по Охридското Езеро, стружанецот Ристо Чуркоски на 8. Септември Денот на независноста на Република Македонија ќе помине 90 километри.
Метеоролозите за денеска најавуваат сончево време со умерена локална облачност.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани по суви и чисти коловози.
Министерот за образование Никола Тодоров присуствуваше на првиот училиштен час во новоформираното средно училиште во тетовско Прељубиште каде за прв пат почнува двојазична интегрирана средношколска настава.
Министерството за образование и наука Ве известува дека денес беше процесуирана тужбата за надомест на штета против Рецензентската комисија за учебникот по предметот Општество за петто одделение за девет годишното основно образование кој е веќе повлечен од употреба.
Ова ќе биде еден краток прес, како реакција на прес конференцијата на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз г. Бранко Црвенковски, во однос на неговите искажувања на позиции, во врска со усвојувањето на собранискиот деловник.
Во Охрид повеќе не се продаваат пиратските цедеа. Минатонеделната акција ги исчисти улиците од тезгите на кои се продаваа размножени компакт дискови со филмови и најразлична музика.
Средното училиште „Нико Нестор“ од Струга денес доби нов директор. На местото на досегашниот Никола Затуровски со одлука на градоначалникот Рамиз Мерко беше назначен професорот Васил Максимовски.
На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид има слободни места на сите насоки, кои ќе се пополнуваат во вториот уписен рок утре и задутре.
Дали Владата ќе падне или ќе биде реизбрана одлучуваат граѓаните на избори.
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов вечерва ќе биде гостин на Дебарското муфтиство, а поводот се рамазанските пости.
Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско - Македонскиот комитет за човекови права организираат трибина на тема „Придонесот на дијаспората во македонската економија“.
Евроатланските интеграции за СДСМ но и за огромното мнозинство наши граѓани остануваат највисок национален приоритет, единствена сериозна алтернатива за иднината на нашата земја.
Делумно е бојкотирана Наставата во ОУ „Владо Тасевски“ во општина Карпош.
Според програмата на Агецијата за државни патишта, годинава ќе бидат реконструирани вкупно 22 километри од овој патен правец со широчина на коловозната лента од шест метри.
По повод стартот на новата учебна година, градоначалникот на Штип Зоран Алексов денеска ги посети првачињата од ООУ „Ванчо Прке“ во Штип, при што им посака успешен старт во образовниот процес кој следи за нив во текот на следните години.
Работното време на угостителските објекти од денеска се скратува за еден час.
Вкупно 306 илјади ученици, од кои 212 илјади основци и 94 илјади средношколци од денес ја започнаа новата 2010/2010 учебната година. Во училишните клупи се очекува да седнат околу и 23.000 првачиња.
Поради недостаток на вода во резервоарот од кој се снабдува со вода населението од селото Кнежје, од страна на локалната самоуправа на Свети Николе, организирано е снабдување на населението со вода за пиење, како и за добитокот.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани по суви и чисти коловози.
Минатонеделното грозоморно убиство на српскиот турист, белграѓанецот Дејан Новаковиќ, во центарот на  Охрид, за жал не остана без реакција со физички напад над Македонци, во Србија.
Народните избраници во Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжат 117-та седница. На дневен ред на седницата е Предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој за проектот за подобрување на железничката пруга на Коридорот 10.
Охрид, македонската туристичка, културна и духовна мека, го живее својот грд, кошмарен сон. Само што „сонот“ е јаве и што предолго трае. Не со мигови, не со часови, туку со години и години!
Ден по свирепото убиство на српскиот турист, белграѓанецот Дејан Новаковиќ во Охрид, во петокот, на 28 август,  утрото во 03:30 часот, нападнати се двајца македонски државјани, во српскиот град Смедеревска Паланка.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, денеска ќе оствари одделни средби со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, г-ѓа Улрике Марија Кноц и Амбасадорот на Украина во Република Македонија, г-дин Јуриј Гончарук.
Драган Ѓорѓевиќ од Лесковац, по кого трага македонската полиција, а кој се терети дека минатиот петок во Охрид учествувал во убиството на Дејан Новаковиќ од Белград бил претходно апсен поради сомнение дека е член на бандата „Пинк Пантерс“, позната во светот по спектакуларните грабежи.
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд најавуваат метеоролозите за денешниот ден. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.
И покрај големиот интерес на годинешните матуранти за Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, на некои од студиските насоки има слободни места кои ќе се пополнуваат на вториот уписен рок на 2 и 3 септември.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани по суви и чисти коловози.
Од вечерва на полноќ со одлука на Регулаторната комисија за енергетика поефтинува бензинот и дизел горивото за 1,5 денари по литар.
Од затворот во Шутка седуммината обвинети за убиството на српскиот државјанин Дејан Новаковиќ од Белград, денеска беа префрлени во Охрид, каде другарот на Дејан, Горан Периќ треба да ја изврши финалната идентификација.
Ненад, братот Дејан Новаковиќ кој беше убиен во петокот навечер во Охрид, денеска го презеде телото на својот брат.
Според последната анкета на Евробарометар, за 60 отсто од Македонците членството во ЕУ е добро, за 73 е корисно, а 11 проценти сметаат дека е лошо. Неопределени се околу 27 отсто.
Советот на општина Охрид, денеска, со едноминутно молчење му оддаде почит на убиениот српски турист Дејан Новаковиќ.
Собранието на Република Македонија и Вестминстер фондацијата за демократија, денеска ќе ја претстават веб - страницата на Вестминстер фондацијата.
Врвни експерти од областа на земјотресното инженерство, ќе земат учество на 14-та Меѓународната конференција, што ќе се одржи во хотелите „Метропол“ и „Белви“.
Собранието на Република Македонија, на денешното продолжение на 117. седница ќе расправа за предлог законот за кривична постапка и за измените и дополнувањата на Законот за заштита на личните податоци.
Ненад, братот Дејан Новаковиќ кој беше убиен во петокот навечер во Охрид, вчера доцна попладне пристигна во Охрид каде денеска треба да започне постапката за преземање и враќање на телото на Дејан во Србија.
Метеоролозите за денеска најавуваат променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани по суви и чисти коловози.
Ја разбираме потребата на Јани Макрадули и СДСМ од се што работи оваа Влада да прават скандал, но и овој пат згрешија.
Во врска со трагичниот инцидент во раните утрински часови на 27.08.2010 година во кој животот го загуби држајанинот на Република Србија Дејан Новаковиќ, менаџерскиот тим и вработените изразуваат длабоко жалење и искрено длабоко сочуство до семејството, пријателите и граѓаните на Република Србија.
Поминаа три дена од изјавите на германскиот европратеник Бернард Поселт, за тоа дека Република Македонија во 1995 година, односно тогашното раководство одбило почеток на преговори со Европската Унија.
Двајцата глобални експерти за медиуми и создавање на репутација ќе имаат специјално излагање пред македонската јавност на ексклузивниот настан, насловен Репутатион Манагемент Мастерцласс (Менаџмент на репутација)
Рано изутринава беа поставени двете скулптури на лавови, на северната страна на мостот „Гоце Делчев“, односно од левата страна на реката Вардар.
Познатите македонским музичари од помладата генерација, браќата Гаро и Дики Тавитјан денеска во Њујорк ќе настапат на концертот што во чест на роденденот на Мајкл Џексон ќе се одржи во најпознатиот њујоршки џез клуб „Блу ноут“.
Метеоролозите за денешниот неделен ден најавуваат сончево и релативно топло време со претпладневните часови и зголемување на облачноста со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи во попладневните часови. Наместа ќе дува умерен северен ветер.
Македонците што живеат во Грција се оспорувани. Грција никако немаше и не признава македонски идентитет, и ова е проблем околу грчкиот национален мит, изјави Павле Филипов, член на колективното раководство на "Виножито" во интервју за Радио Слободна Европа.
После 4 години владеење на Груевски и ДПМНЕ неизбежен е заклучокот дека ветената преродба ја нема. Имаме Влада која е заложник на популизмот. Тој популизам ги предодредува сите одлуки на Владата и затоа Македонија е губитник во многу области.

Избор

Најнови вести

Цитат

Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме - злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи.

(Бернд Поселт - европратеник)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола
Inpress on Facebook

дневен е-весник
Убави вести
„Дајбоже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, кои што се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина - Македонија".

www.kd-group.com.mk

Британски пронаоѓач конструира автомобил во форма на кујнска маса која се движи со брзина на тркачки автомобил.
Музичката компанија Universal Music ја загуби битката против FBT Productions, поранешната издавачка куќа на Eminem.
Многу диети препорачуаат малку јадење, но неправилна исхрана, тврдат италијанските специјалисти.



 

Copyright 2009 InMedia. All rights reserved.
e-mail: contact@inpress.com.mk

Powered by Nextsense webBuilder