четврток
09.09.2010
пребарај

Добра музика и пиво по промотивни цени на Охрид Пиво Фест

Охрид, 30. јули 2010 (ИНПРЕС)

Вечерва започнува Охридскиот пиво фест, кој ја продолжува традицијата во македонските градови за славење на пивото.

Организаторите "Пивара Скопје" и Продуцентската куќа "Урбан Денз" велат дека Охрид е подготвен за уште едно големо фестивалско искуство, кое му доликува. Во наредниве 3 дена, кај Спортскиот комплекс "Билјанини извори" се очекуваат  голем број на посетители кои ќе уживаат во богатата понуда на пиво и традиционалната скара, придружени од музиката на голем број дј-ски и рок имиња.

Без разлика на големиот број на настани и културни манифестации кои се случуваат токму во екот на оваа сезона во Охрид, овој фестивал е дополнување на туристичката понуда, вели Даниел Димитровски, претставник на Продуцентската куќа Урбан данце и главен координатор меѓу компаниите организатори.

- Спремни сме за едно незаборавно искуство кое доликува на секој голем пивски фестивал. Имаме голем список на изведувачи, манифестацијата е комплетно бесплатна, секој може да дојде да ужива, сето тоа му е обозможено, вели Димитровски.

Од АД "Пивара Скопје" пред се очекуваат добра забава, која ќе им се понуди на посетителите. Оттаму сметаат дека оваа манифестација дополнително ќе биде привлечна за посетителите овој викенд, затоа што ќе може да вкуси пивото на најдобрите македонски пивски брендови на едно место, изјави Мартина Мишевска, менаџер за пивски брендови во "Пивара АД Скопје".

- Ќе има одлично пиво, нашето најдобро е тука со промотивни цени. Тоа мислам дека ќе го поздрават сите наши конзументи. Овие три дена очекуваме навистина одлична забава, добра дружба, би ги повикала сите луѓе да дојдат овој викенд во Охрид, додава Мишевска.

На Спортскиот комплекс "Билјанини извори" во рамките на трите фестивалски вечери  ќе има подеднакво  квалитетна понуда од пиво, традиционална скара и музика. Влезот за фестивалот на пивото во Охрид ќе биде бесплатен. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме - злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи.

(Бернд Поселт - европратеник)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола
Inpress on Facebook

дневен е-весник
Убави вести
„Дајбоже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, кои што се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина - Македонија".

www.kd-group.com.mk

Британски пронаоѓач конструира автомобил во форма на кујнска маса која се движи со брзина на тркачки автомобил.
Музичката компанија Universal Music ја загуби битката против FBT Productions, поранешната издавачка куќа на Eminem.
Медитеранскиот начин на исхрана може да помогне во намалувањето на ризикот од рак на желудникот порачаа шпанските стручњаци од Каталонскиот институт за онкологија.



 

Copyright 2009 InMedia. All rights reserved.
e-mail: contact@inpress.com.mk

Powered by Nextsense webBuilder