четврток
09.09.2010
пребарај

Гордан Георгиев - ВМРО ДПМНЕ и Груевски напикани во глувчешки дупки

Скопје, 8. февруари (ИНПРЕС)

200 милиони евра не се ништо за нив! Не ги интересира што мислат архитектите, што мисли еснафот, што мислат Скопјани, што мислат нашите граѓани кои не живеат во Скопје, а не можат крај со крај да сврзат секој ден, рече на денешната прес конференција Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

До вчера се колнеа во референдуми, во гласот и мислењето на народот, а денес се напикани по глувчешки дупки и не одговараат на барањата на граѓаните, обвини Георгиев.

Во ситуација кога целокупната економија во државава се распаѓа, Груевски си замислил свој парк на стравот и ужасот на кој ќе потроши цели 200 милиони евра наши пари.

Јаболки се тркалаат по улиците, млекото се истура по патиштата, стечајците, професионалните војници, лозарите и наставниците не можат глава да дигнат од економската беда што им ја наметнаа. Зошто? Затоа што Груевски се разбудил едно утро и си рекол: сакам споменици, сакам кич, сакам да го поделам народот, да ги провоцирам Албанците, сакам барокни фасади, а не вистинско решавање на проблемите на граѓаните.

Оваа забеганост на ВМРО-ДПМНЕ мора да заврши. Уште еднаш го повикуваме Груевски, човекот што постојано вели дека најважно му е мислењето на народот, да свика референдум за Скопје 2014 и да ја слушне суровата вистина за тоа што мислат граѓаните за овој негов монструозен проект. Ако не свика референдум по ова клучно прашање за иднината на Скопје, но и за иднината на нашиот идентитет, тогаш веќе никој нема да му верува дека навистина се грижи за мислењето на народот.

Во меѓувреме, разгледувајќи ги останатите правни можности за стопирање на овој проект, СДСМ ќе поднесе барање преку пратеничката група за свикување на итна седница во Собранието по ова прашање, рече Георгиев. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме - злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи.

(Бернд Поселт - европратеник)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола
Inpress on Facebook

дневен е-весник
Убави вести
Помалку од десет часа беа потребни за првиот историски подвиг во Македонија, Охридското Езеро да се обиколи со кајак. Струшкиот кајакар Ристо Чуркоски, вчера на Денот на независноста на Република Македонија, помина патека долга 90 километри, од Струга, преку Охрид и Свети Наум до Поградец и Лин во Албанија.

www.kd-group.com.mk

Приходите на актерот Don Johnson од популарната серија Nash Bridges во последниве денови се зголемија на 51.2 милиони американски долари.
На годинешното последно издание на Love Parade, која се одржа на 24. јули во германскиот град Дизбург, се роди заедничкиот сингл на тројца великани, Paul Oakenfold, Armin van Buuren и Paul van Dyk.
Кај поголемиот дел доенчиња кои биле доени со мајчино млеко повеќе од шест месеци е забележан помал ризик подоцна во животот да имаат ментални здравствени проблеми, докажаа австралиските научници.



 

Copyright 2009 InMedia. All rights reserved.
e-mail: contact@inpress.com.mk

Powered by Nextsense webBuilder