четврток
09.09.2010
пребарај

Поранешен градоначалник на Чешиново точел гориво, а исплаќал по слободна проценка

Кочани, 29. јули 2010 (ИНПРЕС)

Полицијата во Кочани, поднесе кривични пријави против О.М. (45) поранешен градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување„ од кои едно продолжено.

Во април 2009 година, иако општината немала финансиски обврски кон „Гранит„ АД Скопје–ОЕ Делчево, пријавениот без основ извршил плаќање на фактура во износ од 259.893 денари на штета на општината.

Исто така во период од јануари 2007 до март 2009 година, пријавениот во повеќе наврати од бензинска пумпа точел горива и масла на физички и правни лица, а на сметка на општината, потоа врз основа на негова лична проценка исплаќал еднократна парична помош од буџетот на општината на физички и правни лица,  вршел набавки на стоки за потребите на општината и 12 објекти сопственост на Општината ги издал под закуп  без да ја спроведе постапката за јавно надавање.

На овој начин пријавениот ја оштетил општината за износ од  2.387.550 денари. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме - злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи.

(Бернд Поселт - европратеник)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола
Inpress on Facebook

дневен е-весник
Убави вести
Помалку од десет часа беа потребни за првиот историски подвиг во Македонија, Охридското Езеро да се обиколи со кајак. Струшкиот кајакар Ристо Чуркоски, вчера на Денот на независноста на Република Македонија, помина патека долга 90 километри, од Струга, преку Охрид и Свети Наум до Поградец и Лин во Албанија.

www.kd-group.com.mk

Приходите на актерот Don Johnson од популарната серија Nash Bridges во последниве денови се зголемија на 51.2 милиони американски долари.
На годинешното последно издание на Love Parade, која се одржа на 24. јули во германскиот град Дизбург, се роди заедничкиот сингл на тројца великани, Paul Oakenfold, Armin van Buuren и Paul van Dyk.
Кај поголемиот дел доенчиња кои биле доени со мајчино млеко повеќе од шест месеци е забележан помал ризик подоцна во животот да имаат ментални здравствени проблеми, докажаа австралиските научници.



 

Copyright 2009 InMedia. All rights reserved.
e-mail: contact@inpress.com.mk

Powered by Nextsense webBuilder