понеделник
28.07.2014
пребарај

Започна изборната кампања

Скопје, 4. март 2013 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива

На полноќ започна изборната кампања за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 24 март.

Кампањата ќе трае 20 дена, а на 23 март ќе започне 24 часовниот изборен молк. За прв пат досега кампањата почнува уште и пред да се знае колкава ќе биде вкупната бројка учесници на овие локални избори. По втор пат е продолжен рокот за пријавување на кандидати, сега до 8. март. ДИК повторно ќе прави измени на роковникот, а исто така по потврдувањето на листите повторно треба да се изврши жребување меѓу новопријавените кандидати.

Новите кандидатури, според законот, треба да ги разгледа и Комисијата за верификација на фактите која треба да изврши проверка дали кандидатите за идни советници или градоначалници соработувале со тајните служби. Редните броеви на кандидатите што доставија листи во законски предвидениот термин, односно до 16 февруари остануваат исти, а единствената листа на кандидати ќе биде дополнета само со новопријавените кандидати. Право на глас за 24 март имаат 1.743.403 полнолетни граѓани.

Од вкупно запишаните избирачи, своето право на глас во казнено-поправните домови ќе го остварат 1.446 избирачи, а надвор од местото на живеење 136 избирачи со статус на внатрешно раселени лица.

Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, односно немоќно или болно лице кое сака да го искористи правото на глас за тоа треба да ја извести ОИК најдоцна три дена пред денот определен за гласање, односно до 20 март. Истиот рок се однесува и на избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор. Болните и немоќните лица, лицата кои издржуваат казна затвор или се во притвор, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица гласаат еден ден пред изборите, односно од 7 до 19 часот на 23 март.

ДИК изборниот материјал го предава на општинските изборни комисии во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, односно најдоцна до полноќ на 20 март. ОИК, пак, е должна еден ден пред изборите да го предаде изборниот материјал на избирачките одбори, односно најдоцна до полноќ на 23 март. Најдоцна 10 дена пред денот на гласањето, односно до полноќ на 13 март организациите и лицата кои сакаат да ги набљудуваат изборите доставуваат барање до ДИК.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, односно до полноќ на 18 март.

Организаторот на изборната кампања е должен 11-иот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на 10-иот ден на изборната кампања. Финансиски извештај организаторот на кампањата е должен да поднесе и еден ден по завршувањето на кампањата и тоа на образец пропишан од министерот за финансии до ДИК, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување корупција, кои се должни да ги објават на своите веб-страници.

ВМРО-ДПМНЕ традиционално секоја изборна кампања ја започнува во Охрид. Кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески, една минута по полноќ, пред ОК на партијата и официјално ги поздрави поддржувачите и им порача масовно да излезат на гласање на 24 март и потоа да започнат големите промени во Охрид кои градот со години ги чека. Вечерва во 18:00 часот ќе биде пуштена во употреба спортската сала во селото Велгошти, на која ќе присувствува премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а еден час подоцна ќе се одржи и големиот митинг на градскиот плоштад.

СДСМ изборната трка ја започнуваат од Струмица, градот од каде, како што велат, не ја почнуваат туку ја продолжуваат предизборната кампања за претстојните локални избори закажани за 24 март.

- Ние ја започнавме кампањата за локалните избори уште од јуни минатата година, кога започнавме со избор на наши кандидати за градоначалници. После црниот понеделник секој ден сме на улица и секој ден сме во кампања. Значи, ние не ја започнуваме, туку ја продолжуваме веќе започнатата кампања и за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што традиционално ја почнува кампањата во Охрид и традиционално губи, ние почнуваме од Струмица, рече пратеникот од СДСМ, Игор Ивановски. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина. Се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името.

(Метју Нимиц, посредник на ОН во разговорите за спорот за името)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола

Inpress on Facebook
дневен е-весник
Река од луѓе во саботата вечер се движеа кон Античкиот театар во Охрид за да го проследат концертот на маестралниот Максим Мрвица кој им приреди незаборавно доживување во рамките на „Охридско лето“.
Манчестер Сити го декласираше Милан со 5:1 во пријателскиот натпревар кој се играше во Питсбург.

Мараја Кери и Ник Канон го продале имотот во Бел-Ер за над 10 милиони долари.

Американскиот Дџ и продуцент Jason Falzone на 30-ти јули ќе гостува во Охрид, во рамките на забавите Dirty House Sessions.

Дијабетес тип 2 се јавува почесто кај луѓето кои работат во смени, покажува новото истражување објавено во списанието „Occupational and Environmental Medicine".


 

Copyright 2012 InMedia. All rights reserved.
Објавените информации на интернет страницата на Инпрес може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
e-mail: [email protected]

Импресум | За нас

Powered by Nextsense webBuilder