четврток
09.09.2010
пребарај

Родители убиле седум новороденчиња

Лил, 29. јули (ИНПРЕС)

Една француска двојка е уапсена, откако полицијата пронашла тела на осум новороденчиња на нивната фарма, во едно село во северниот дел на Франција.

Двајца уапсени, во средината на нивните четириесетти години, се родители на бебињата, чии тела беа пронајдени на две различни локации на имот во Виер-о-Тетра, во близина на градот Лил.

Засега, нема други информации за овој случај, а обвинителот за подрачјето Нор, се очекува денес да даде повеќе информации за свирепите и бездушни убиства.

Инаку, во последните неколку години, во Франција се регистрирани неколку случаи на чедоморство, по што мајките ги криеле телата на убиените деца.

Селин Лесаж, во март призна дека убила шест свои новороденчиња, чии тела ги чувала во пластични ќеси во подрумот на својот дом во северозападниот дел на Франција.

Друга Французинка, Вероника Курз, минатата година беше осудена за убиство на нејзините три новороденчиња. Нејзиниот сопруг, две од нив пронашол во замрзнувачот додека парот живеел во Јужна Кореја. Во текот на судењето психијатрите сведочеа дека обвинетата боледувала од ментално пореметување, познато како „негирање на бременоста“.

Во Германија , исто така, се регистрирани голем број на слични случаи. Една Германка беше осудена во 2006. на максимални 15 години затвор, за убиство на осум нејзини рожби, кои ги закопала во градината на нејзините родители, во близина на германско - полската граница. (Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме - злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи.

(Бернд Поселт - европратеник)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола
Inpress on Facebook

дневен е-весник
Убави вести
„Дајбоже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, кои што се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина - Македонија".

www.kd-group.com.mk

Британски пронаоѓач конструира автомобил во форма на кујнска маса која се движи со брзина на тркачки автомобил.
Музичката компанија Universal Music ја загуби битката против FBT Productions, поранешната издавачка куќа на Eminem.
Многу диети препорачуаат малку јадење, но неправилна исхрана, тврдат италијанските специјалисти.



 

Copyright 2009 InMedia. All rights reserved.
e-mail: contact@inpress.com.mk

Powered by Nextsense webBuilder