четврток
09.09.2010
пребарај

Кај Карпалак слика како од 2001-та

Тетово, 8. февруари (ИНПРЕС)

На автопатотот Тетово-Скопје во близина на Групчин кај месноста Карпалок синоќа изгоре автобус на приватното автоттранспортно претпријатие „Интертурс“.

Со автобусот во детското одмиралиште „Бунец“ на падините на Бистра кај Маврово претходно биле превезувани 50-тина ученици од скопските училишта.

За среќа, за Скопје автобусот се враќал без ниту еден патник.

Додека се движел по автопатната лента од правец на Тетово кон Скопје, возачот Борче Димоски забележал непријатна миризба и чад кој се ширел од правец на последните седишта, пренесе КИС телевизија.

Покрај возачи од Тетово и Скопје кои случајно наишле во гаснењето на пожарот учествувале и две екипи од професионалните противпожарни единици од Тетово и Скопје кои во 20 часот и 50 минути минути успеале целосно да го ликвидираат пожарот.

Од огнот биле зафатени сите делови од автобусот по што целиот е уништен. Поради опожарениот автобус, сообраќајот на автопатната лента од правец на Тетово кон Скопје, кај месноста Караплак беше во целосен прекин помалку од еден час.

Екипи на Министерството за внатрешни работи како и на другите надлежни органи извршија увид и работат на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот на скопскиот автобус. Среќна околност е што нема повредени, но е причинета голема материјална штета,а износот се утврдува.(Крај)

најчитани десет

Избор

Најнови вести

Цитат

Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме - злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи.

(Бернд Поселт - европратеник)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола
Inpress on Facebook

дневен е-весник
Убави вести
Помалку од десет часа беа потребни за првиот историски подвиг во Македонија, Охридското Езеро да се обиколи со кајак. Струшкиот кајакар Ристо Чуркоски, вчера на Денот на независноста на Република Македонија, помина патека долга 90 километри, од Струга, преку Охрид и Свети Наум до Поградец и Лин во Албанија.

www.kd-group.com.mk

Приходите на актерот Don Johnson од популарната серија Nash Bridges во последниве денови се зголемија на 51.2 милиони американски долари.
На годинешното последно издание на Love Parade, која се одржа на 24. јули во германскиот град Дизбург, се роди заедничкиот сингл на тројца великани, Paul Oakenfold, Armin van Buuren и Paul van Dyk.
Кај поголемиот дел доенчиња кои биле доени со мајчино млеко повеќе од шест месеци е забележан помал ризик подоцна во животот да имаат ментални здравствени проблеми, докажаа австралиските научници.



 

Copyright 2009 InMedia. All rights reserved.
e-mail: contact@inpress.com.mk

Powered by Nextsense webBuilder